15 добро платени работни места на кои луѓето најмногу сакаат да дадат отказ

Дури и шестоцифрените плати во долари не се доволни за задржување на работниците. Повеќе од 66 отсто високо рангирани product менаџери планираат да најдат нова работа, иако имаат просечна годишна плата од 131.565 евра (144.000 долари), пишува CNBC.

15-dobro-plateni-1044-fi

Извор: Pexels / energepic.com

Бројни високо платени технолошки работници сакаат да дадат отказ, а сличен тренд е видлив и во здравството. Вработените во овие две области доминираат на годишната листа на Payscale на која се рангирани професиите според процентот на вработени кои изјавиле дека планираат да дадат отказ во следните шест месеци. Листата е составена според анкета на повеќе од 770.000 американски работници во периодот од ноември 2022 до септември 2023 година.

Ова се топ 15 занимања во кои луѓето планираат наскоро да дадат отказ:

  • Senior product manager: 66 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 131.565 евра
  • Флеботомист (техничар за вадење крв): 62 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 35.906 евра
  • Помошник готвач: 62 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 29.419 евра
  • Медицински сестри и техничари специјализирани за нега на пациенти: 61 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 34.444 евра
  • Медицински сестри и техничари во итна служба: 60 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 79,100 евра
  • Претставник на служба за пациенти: 59 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 36.180 евра
  • Аналитичар за сајбер безбедност: 59 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 75.741 евро
  • Заварувач, сечач и лемач: 58 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 44.220 евра
  • Оператор на виљушкар: 58 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 36.363 евра
  • Раководител на ИТ програма: 58 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 120.601 евро
  • Медицински сестри и техничари на одделение за интензивна нега: 58 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 73.731 евро
  • Продавач во малопродажба: 58 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 28.049 евра
  • Инженер на софтверски програми: 58 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 79.304 евра
  • Senior data analyst: 58 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 88.715 евра
  • Координатор на грижа за пациенти: 58 отсто од работниците бараат нова работа, годишна плата 42.301 евро

Зошто сакаат да заминат?

Многу работници истакнуваат како причина за отказ ја истакнуваат комбинација од нестабилна економија, барањето од работодавците да се вратат во канцелариите по неколку години работа од дома како и стресната работна средина.

Масовните отпуштања на кадар на водечки позиции во технолошката индустрија резултираа со генерална несигурност во индустријата па луѓето планираат да најдат поголема безбедност на друга работна позиција. Како резултат на намалениот број на вработени во ИТ индустријата по отпуштањата, оние што останале морале да преземат поголем дел од работата, што довело до зголемен стрес и оптовареност.

Здравствените работници, од друга страна, биле изложени на голем стрес за време на пандемијата на COVID-19 и сè уште се соочуваат со последиците, вклучително и со високи нивоа на стрес и burnout, што може да објасни зошто толку многу од нив сакаат да дадат отказ.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.