Во видеото, Кашиви покажува како пазарува со розова кошничка и објаснува дека за оваа практика дознала дури неодамна, иако речиси четири години живее во Финска.
Видеото предизвика илјадници реакции на социјалните мрежи, а многумина признаа дека првпат слушаат за ваков начин на запознавање.
„Во Финска има розови кошнички, додека обичните се сиви или црни. Ако земете розова кошничка, тоа значи дека сте слободни и сакате да запознаете други слободни луѓе“, вели таа во видеото, кое е прегледано повеќе од 1,3 милиони пати.
Таа додава дека основното правило е взаемната согласност – разговор треба да започне само ако и двете лица носат розова кошничка.
„Ова функционира само ако и двајцата имате розова кошничка. Не можете да му пријдете на некој со розова кошничка ако вие имате темна, и обратно“, објаснува таа.
Досега видеото собра повеќе од 62.000 лајкови, 45.000 споделувања и над 3.600 коментари.
Не е практика во сите продавници
Оваа иницијатива е воведена во одредени продавници од финските трговски синџири, како што се K-Supermarket и S-Market, каде што розовите кошнички служат како знак дека купувачот е слободен и заинтересиран за запознавање со други сингл лица. Сепак, програмата не е присутна во сите супермаркети, па стандардните сиви и црни кошнички и понатаму остануваат вообичаен избор.
Идејата ја промовираше и Instagram-страницата This Is Finland, која во една објава напиша:
„Дали би пробале брзо запознавање или полека да создавате нови пријателства во Финска? Tatskatytöt („Tattoo Girls“) создава пријатни места каде што луѓето можат да се запознаат, поврзат и да се забавуваат.“
Иако на многумина концептот им беше интересен, дел од корисниците кои тврдат дека живеат во Финска напишаа дека никогаш не се сретнале со розови кошнички, што укажува дека станува збор за проект што постои само во одредени продавници.
Секако, не изостана ниту хуморот.
„Мислам дека мене ми требаат десет вакви кошнички за луѓето да сфатат колку е итно“, се пошегува еден корисник.
Други отидоа и чекор понатаму.
„Од сега намирници купувам во Финска“, напиша еден коментатор.
Извор: bizlife.rs