Пет животни закони кои објаснуваат зошто луѓето го прават тоа што го прават

Некои од најважните животни и деловни сознанија не доаѓаат од дебелите прирачници за успех, туку од едноставни принципи кои на изненадувачки прецизен начин го опишуваат човечкото однесување. Во текот на децениите, психолозите, економистите и социолозите идентификуваа обрасци кои се повторуваат во речиси секое опкружување од канцеларијата и состаноците, до семејството и пријателските односи.

zakoni-5918-fi

Извор: Magnific/peshkovagalina

Иако не се закони во правна смисла, овие принципи толку често ја потврдуваат својата точност што многумина ги сметаат за универзални правила на однесување. Ви донесуваме пет закони кои секој би требало да ги познава.

Данинг-Кругеров ефект

Што помалку знаете, посигурни сте дека сте во право

Овој психолошки феномен опишува ситуација во која луѓето со малку знаење или искуство ги преценуваат своите способности. Парадоксално, токму оние кои најмалку знаат често имаат најмногу самодоверба.

Од друга страна, како што едно лице стекнува повеќе знаење, станува свесно за сложеноста на темата и за сопствените ограничувања. Затоа експертите често звучат попретпазливо од почетниците.

Поука: Не ја мешајте самодовербата со компетенцијата. Вистинското знаење главно носи повеќе скромност отколку ароганција.

Паркинсонов закон

Работата трае толку колку што време ќе ѝ дадеме

Британскиот историчар Сирил Паркинсон забележал дека работата се шири за да го пополни времето што е предвидено за неа. Ако за задача од еден час оставите цела недела, голема е веројатноста дека навистина ќе ви треба една недела.

Многу луѓе го мешаат чувството на презафатеност со продуктивноста, иако проблемот често е во лошата организација, а не во количината на работа.

Поука: Кратките и појасни рокови често носат поголема концентрација и подобри резултати.

Паретов принцип

Мал број активности го носат најголемиот дел од резултатите

Италијанскиот економист Вилфредо Парето забележал за дека голем дел од резултатите често може да се поврзе со мал број причини. Во пракса тоа често се преведува како правило дека 80 проценти од резултатите доаѓаат од 20 проценти од активностите.

Тоа важи за бизнисот, продажбата, управувањето со времето, па дури и за приватниот живот.

Поука: Идентификувајте ги активностите кои навистина носат резултати и насочете ја енергијата на нив, наместо да се губите во неважни задачи.

Ханлонова бритва

Не претпоставувајте лоша намера кога невниманието е доволно објаснување

Колку пати сте помислиле дека некој намерно ве игнорирал, потценил или саботирал? Ханлоновата бритва предупредува дека повеќето такви ситуации не треба веднаш да ѝ се припишуваат на лошата намера.

Луѓето често се едноставно расеани, преоптоварени или невнимателни.

Поука: Пред да се навредите или да се налутите, размислете за можноста дека проблемот не е личен. Тоа може да заштеди многу енергија и непотребни конфликти.

Питеров принцип

Луѓето напредуваат до нивото на својата некомпетентност

Овој принцип објаснува зошто одличен експерт не мора нужно да биде и добар менаџер. Во организациите, вработените често добиваат унапредувања врз основа на успехот во моменталната улога, сè додека не стигнат до позиција за која ги немаат потребните вештини.

Поради тоа се случува врвен продавач да стане лош раководител или одличен инженер да не успее како директор на тим.

Поука: Успехот на една позиција не е гаранција за успех на следната. Секоја нова улога бара нови знаења и поинакви способности.

Овие пет принципи не нудат магични решенија, но можат да помогнат подобро да го разбереме човечкото однесување, да избегнеме некои вообичаени грешки и да носиме попремислени одлуки како во работата, така и во секојдневниот живот.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.