LEGO фигурите го надминаа човештвото: На планетата ги има повеќе отколку луѓе

Додека целиот свет се занимава со прашања за наталитетот, демографските кризи и пописот на населението, LEGO тивко направи нешто неверојатно, создаде популација која е поголема од човештвото.

lego-5275-fi

Извор: Freepik/jan huber

Според проценките, денес во светот постојат меѓу 8 и 10 милијарди LEGO фигурички, што значи дека официјално ги има повеќе отколку луѓе, кои на планетата моментално ги има нешто повеќе од 8 милијарди. Ако ова ви звучи како шега, сепак не е: LEGO фигурите станаа една од најбројните „заедници“ на Земјата, и тоа без пасоши, граници и попис на населението.

Од почетокот до денес

Овие мали жолти икони за првпат се појавиле во 1978 година, кога LEGO ги претстави мини фигурите какви што денес сите ги познаваме како едноставни, но доволно впечатливи за во нив да препознаеме полицајци, пожарникари, пилоти, лекари, авантуристи, а подоцна и суперхерои, филмски ликови и поп-културни феномени. Оттогаш, мини фигурите станаа срцето на LEGO светот: мали личности кои децата и возрасните ги користат за да изградат цели приказни, градови и универзуми.

А производството? Тоа е сè, само не мало.

LEGO годишно произведува околу 340 милиони мини фигури, што значи дека секој ден во светот се „раѓаат“ речиси еден милион нови LEGO ликови. Кога би имале своја држава, таа би била убедливо најголемата на планетата.

И минифигурите не се единствените што доминираат на планетата.

Проценките велат дека годишно се произведуваат околу 60 милијарди LEGO коцки, а вкупно, во последните педесетина години, се произведени дури 400 милијарди LEGO делови. Кога сето тоа ќе се претвори во поедноставен податок. На светот денес постојат околу 80 LEGO коцки по лице. Со други зборови: каде и да се свртите, многу е можно некаде во близина да постои една LEGO коцка која чека некому да му стапне на нога. LEGO од играчка прерасна во глобален феномен, но овие бројки покажуваат уште нешто: станува збор за еден од најмоќните производствени и креативни системи во светот. И додека луѓето се борат да го следат сопствениот раст, LEGO фигуричките одамна ја преминаа границата и станаа планетарна „суперпопулација“а тоа е мала, жолта, насмеана и, по сè изгледа, незапирлива.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.