Стигнуваат патики за фановите на LEGO коцките во соработка со Nike, и изгледаат како да се нацртани!

Соработката меѓу брендовите Nike и LEGO продолжува со нов разигран модел наменет исклучиво за најмладите – Nike Dunk Low Tour Yellow.

lego-4751-fi

Извор: Unsplash

Овие впечатливи патики претставуваат директена инспирација на култната LEGO естетика, носејќи смел, илустриран изглед инспириран од препознатливите Minifigure ликови, во форма на обувки кои совршено се носат.

Дизајн инспириран од LEGO фигури

Кај овој детски модел доминира сјајна лак кожа во жолта Tour Yellow нијанса, врамена со дебели црни контури што ги следат препознатливите панели и Swoosh логото. Ваквиот пристап создава впечаток дека патиката е нацртана, имитирајќи го едноставниот, но експресивен графички стил на LEGO светот. Благодарение на тоа, моделот е веднаш препознатлив.

Детали и датум на објава

Иако се наменети за деца од предучилишна и основна возраст, патиките ја задржуваат класичната Dunk конструкција, со мека внатрешна постава и издржлив гумен ѓон. Дизајнот е збогатен со детали во Volt и Rush Red нијанси на јазичето, каде што се поставени логата на двата бренда, јасна алузија на класичните бои на LEGO логото.

LEGO x Nike Dunk Low Tour Yellow продолжува да ја спојува креативноста и спортот, а ќе биде достапен од 28 ноември 2025 година.
Препорачаната малопродажна цена е 120 американски долари (околу 105 евра).

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.