Основачот на криптоберзата Binance осуден на четири месеци затвор

Чангпенг Жао, познат како „CZ", основач и директор на криптоберзата Binance, е осуден на четири месеци затвор. Министерството за правда на САД препорачало Жао да добие затворска казна од 36 месеци, што било „значително над можните 18 месеци предвидени со неговиот договор за признавање на вина".

changpeng-zhao-kazna-1337-fi

Извор: Freepik / frimufilms

Минатиот ноември, Жао се повлече од лидерската позицијата и призна вина за серија прекршоци иницирани од Министерството за правда и други американски агенции.

Тогаш беше обелоденето дека во рамки на Binance се случувало перење пари, неовластен трансфер на пари и кршење на санкции. Министерството за правда го нарече „најголемата корпоративна резолуција“ процесот кој вклучувал кривични обвиненија против извршниот директор. Жао призна вина за неспроведување на програми за спречување на перење пари, пренесува порталот TechCrunch.

Binance, Жао и други поврзани страни „свесно не биле регистрирани како деловни субјекти за услуги со пари“ и го прекршиле Законот за тајност на банките не воспоставувајќи протокол за спречување на перење пари, се наведува во обвинението. Наведените страни наводно ги прекршиле американските економски санкции „во намерен и пресметан обид да профитираат на американскиот пазар“, не почитувајќи ги американските закони.

Кој е Чангпенг Жао?

Чангпенг Жао, основач и поранешен извршен директор (CEO) на Binance, најголемата светска берза за криптовалути. Тој ја основа Binance во 2017 година, која брзо пораснала по дневен обем на тргување на повеќе од 20 милијарди долари. Како голем ентузијаст за биткоин, стекнал богатство во криптовалути, но поголемиот дел од неговото нето богатство дошло од неговите удели во Binance Holdings Ltd. До март 2024 година, Жао е 35-тата најбогата личност во светот со проценета нето вредност од 39,6 милијарди долари.

Во ноември 2023 година, тој се изјаснил за виновен за обвиненија поврзани со перење пари во САД. Како дел од неговото признание, се повлекол од својата лидерска позиција во компанијата и се согласил да плати казна од 50 милиони долари, но решавањето на неговите правни проблеми не завршило со ова спогодбено признание.

Binance објави во соопштение од 21 ноември дека постигнале решение со надлежните институции во врска со нивните истраги. Покрај признавање на вина, се согласиле да платат повеќе од 4,3 милијарди долари казни.

Binance бил лансиран во јуни 2017 година и за 180 дена станал најголема крипто берза во светот, седум пати повеќе од трговскиот обем на втората најголема крипто берза, Coinbase, според податоците од CoinMarketCap.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.