Потоа следуваше еден од најголемите хакови во историјата – Bybit загуби 1,46 милијарди долари во катастрофален безбедносен пробив, кој потсети дека централизираните берзи сè уште се под сериозен ризик. Во меѓувреме, метеорскиот подем на Solana забави, откако шпекулативната еуфорија отстапи место на остри пазарни корекции. Од друга страна, стабилните криптовалути и токенизираните средства тивко се профилираа како вистинските победници во овој нестабилен финансиски пејзаж.
Со сите овие драматични настани во првиот квартал, прашањето сега е: Што е следно во крипто светот? Во овој текст ќе ги истражиме клучните наративи што го обликуваат првиот квартал од 2025 година, нудејќи увид во тоа како стигнавме овде и што следува понатаму.
Бурното патување на биткоинот: Од еуфорија до неизвесност
Биткоинот ја започна 2025 година со незапирлив моментум, надминувајќи вредност од 100.000 долари, додека прифаќањето на ETF предизвикуваше рекордни приливи на капитал. Но, оптимизмот не траеше долго.
Кон крајот на јануари, со нагла корекција се избриша повеќе од 20% од вредноста на биткоинот, бидејќи одливите од ETF се забрзаа со невидено темпо. Инвеститорите, кои само неколку недели претходно вложија милијарди во фондови поврзани со биткоини, почнаа да ги повлекуваат своите средства, сметајќи го биткоинот за високо-ризичен шпекулативен инструмент наместо долгорочен хеџ против нестабилноста.
Потоа дојде изненадувачката крипто-најава на Трамп, која дополнително го разниша пазарот. Американската стратешка крипто-резерва, наменета како сигнал за владината поддршка на дигиталните средства, ги исплаши инвеститорите поради недостаток на финансиски детали и вклучувањето на алткоините како XRP, SOL и ADA. Доминацијата на биткоинот падна од 55,4% на под 50%, што претставуваше една од најголемите промени во пазарниот удел во последниве години.
Дополнително на неизвесноста, новите економски политики од Вашингтон—вклучувајќи ги агресивните царини за Кина, Мексико и Канада— ги брануваа глобалните финансиски пазари, повлекувајќи ја криптовалутата на исто ниво со традиционалните средства. До почетокот на март, биткоинот падна на 88.000 долари, неговото најниско ниво во последните неколку месеци, поттикнувајќи загриженост дали неговиот раст навистина заврши.
И покрај оваа турбуленција, биткоинот останува во центарот на глобалната финансиска дебата. Институционалното прифаќање не исчезна, туку се развива, а начинот на кој фондовите како BlackRock и Fidelity ќе реагираат во наредните месеци би можел да биде одлучувачки фактор дали бтиткоинот ќе ја врати својата моќ или ќе остане заглавен во фазата на надолен тренд.
Хакот на Bybit: Аларм од 1,46 милијарди долари
Додека трговците веќе беа на работ на нервите, март донесе сурово потсетување за најслабата алка во крипто-индустријата: безбедноста.
Хакери успеаја да испразнат 1,46 милијарди долари од ладните паричници на Bybit, бранувајќи го целиот сектор. Аналитичарите веднаш ја насочија вината кон Lazarus Group, озлогласена севернокорејска хакерска мрежа позната по софистицирани напади врз крипто-платформите.
Овој напад не беше само огромна финансиска загуба—тој претставуваше ПР-катастрофа за централизираните берзи. По нападот, експлодираа панични повлекувања, принудувајќи го Bybit да ги смири корисниците и да ги увери дека останува ликвиден.
Последиците беа моментални. Довербата во централизираните берзи (CEXs) доживеа тежок удар, повторно отворајќи ја дебатата за плаќање со и без посредници. Ако од овој настан треба да се извлече некаква лекција, тоа е дека DeFi, хардверските паричници и решенијата за плаќање без посредници ќе доживеат повторен подем, бидејќи трговците бараат поголема безбедност и контрола врз своите средства.
Solana: Враќањето и падот на пазарниот хајп
Ако 2024 беше годината во која Solana ја врати својата доминација, тогаш 2025 покажа колку таа доминација може да биде кревка.
До средината на февруари, Solana беше едно од средствата со најдобри перформанси на пазарот, за кратко време достигнувајќи 120 долари, поттикнато од експлозивниот раст на својот NFT екосистем и мем-коин манијата. Но, како што цената нагло порасна, така и корекцијата пристигна со истата жестина.
Што тргна наопаку? Претерана шпекулација. Голем број трговци се обложуваа на Solana-базирани мем-коини, што доведе до неодржливи проценки, а кога ликвидноста пресуши, падот беше брутален. SOL падна на 96 долари, бришејќи милијарди долари пазарна вредност за една ноќ. Во меѓувреме, мем-коините како BONK изгубија 90% од својата вредност, уништувајќи богатства за само неколку дена.
И покрај масовната распродажба, Solana останува фундаментално силна. Блокчејнот сè уште бележи висок обем на трансакции, силна развојна активност и активно DeFi учество. Но, клучната лекција е јасна: хајп-циклусите се минливи – вистинскиот раст го поттикнуваат корисноста и реалната адаптација.
Тивки победници: Стејблкоини и токенизирани реални средства (RWA)
Додека вниманието на трговците беше насочено кон волатилноста на биткоинот и хакот на Bybit, стејблкоините и токенизираните средства тивко добиваа на значење, станувајќи главно засолниште за инвеститорите.
Пазарната капитализација на стејблкоините порасна на 224 милијарди долари, при што Tether (USDT) и Circle (USDC) продолжија да доминираат. Токенизираните реални средства (RWA) – од обврзници и недвижнини до стоки и акции – забележаа 17% пораст во усвојувањето, бидејќи традиционалните финансиски институции сè повеќе интегрираат блокчејн-базирани решенија во своите портфолија.
Овие трендови се критични за иднината на крипто. Ако 2021 беше година на мем-коините, а 2023 беше година на DeFi, тогаш 2025 може да биде година на токенизација на реалните средства, носејќи одржлив институционален ангажман во блокчејн-финансиите.
Што следува: Предвидувања за вториот квартал од 2025 година
Додека навлегуваме подлабоко во 2025 година, овие клучни фактори ќе ја обликуваат иднината на крипто-пазарот:
Битката на биткоинот за стабилност со одливот на ETF сè уште врши притисок врз пазарот, а биткоинот мора да задржи клучни нивоа на поддршка за да избегне понатамошен пад. Враќањето на вредноста на над 95.000 долари би можело повторно да го разгори оптимизмот, но уште еден пад под 85.000 долари може да го доведе пазарот во подлабока неизвесност.
Институционалната активност ќе го диктира следниот потег. Следниот голем бран на купување (или продажба) на биткоини најверојатно ќе дојде од институционални инвеститори. Ако големите фондови, како BlackRock и Fidelity продолжат со акумулација, довербата ќе се врати. Во спротивно, крипто може да влезе во продолжен период на стагнација.
DeFi и платежните решенија без посредници ќе доживеат подем. По хаосот со хакот на Bybit може да очекуваме пораст на децентрализираните финансии (DeFi), паричниците без посредници и подобри безбедносни протоколи.
Регулативата ќе го дефинира пазарот. Крипто-политиките на Трамп сè уште се развиваат, а начинот на кој американската влада ќе ја структурира својата крипто-резерва ќе има огромни импликации врз пазарната структура, регулаторната усогласеност и глобалното усвојување.
Иднината е непозната
Првиот квартал од 2025 година беше еден од најхаотичните во историјата на криптовалутите, ставајќи ја на тест издржливоста на инвеститорите, институциите и протоколите. Но, каде што има волатилност, има и можности.
- Биткоинот останува доминирачка сила, но се наоѓа во клучен момент за дефинирање на својот следен правец.
- Хакот на Bybit потсети дека безбедноста е сè уште најголемиот предизвик на крипто-индустријата.
Корекцијата на Solana покажа колку се ризични шпекулативните хајп-циклуси. - Стејблкоините и токенизираните реални средства (RWAs) тивко стануваат новата граница на усвојување на блокчејнот.
Едно е сигурно: крипто продолжува да еволуира, а оние што се прилагодуваат ќе бидат тие што ќе напредуваат.
Вистинското прашање е: Дали сте подготвени за тоа што следува?