Ова не е обично „copy-paste“ поставување облека врз силуета, туку реалистичен приказ што ги зема предвид текстурата, квалитетот, па дури и сенките на материјалите. Вештачката интелигенција на Google го разбира човечкото тело и начинот на кој различни парчиња гардероба се прилагодуваат на него без разлика дали станува збор за кошули, фустани, панталони или здолништа.
Дополнително, Google го проширува својот AI Shopping Mode благодарение на Gemini AI, овозможувајќи персонализирано пребарување. На пример, корисникот може да напише: ми треба мал, водоотпорен ранец за патување и да добие конкретни препораки кои одговараат токму на тие параметри. Но тука не завршуваат изненадувањата: Google воведува и агентски систем за автоматизирана нарачка. Доколку цената на одреден производ се намали и се софпадне со желбите на корисникот, системот автоматски ја извршува куповината преку Google Pay.
Овие новитети не само што го прават процесот на онлајн купување полесен, туку и значително поприлагоден на индивидуалните потреби и стил на живеење. Со виртуелното пробување, корисниците конечно можат да ја намалат несигурноста околу тоа дали нешто ќе им стои добро, а истовремено, персонализираните препораки и автоматската нарачка претставуваат чекор поблиску до целосно шопинг искуство.
Google ни покажа дека иднината на е-трговијата не е само за купување, туку и за интеракција, персонализација и доверба во технологијата. После ова светот на шопингот никогаш повеќе нема да биде ист.
Извор: WebМind редакција