Гостин во седмата епизода на New Biz Podcast, беше Милан Савов, дигитален стратег со долгогодишно искуство во веб-развој, SEO и дигитален маркетинг кој ја сподели својата инспиративна претприемачка приказна, која не започнува со идејата за создавање компанија, туку со индивидуална работа како фриленсер, градејќи го својот тим низ проектите што ги добива.
„Кога ученикот е спремен, учителот се појавува. И баш тоа беше тој момент – јас веќе бев подготвен за следното ниво. Сам стигнав до одредена точка, но ја побарав потребната помош. Тоа е моментот кога треба да признаеш дека не знаеш сè, дека си ранлив и дека ти треба поддршка од некој поискусен. Ако веруваш дека можеш сè сам, тоа е само ехо на егото – а некогаш самите си поставуваме сопки, не барајќи помош“, вели Савов.
Неговиот пристап комбинира иновативни технологии, автоматизација и вештачка интелигенција со традиционалните маркетинг тактики и алатки. Вештачката интелигенција ја користи таму каде што доколку се исклучи човечкиот фактор ризикот за настанување на грешка е навистина мал, особено во повторувачките процеси. Сепак, некои аспекти од работата остануваат во рацете на луѓето, бидејќи, како што потенцира, технологијата не може да ја замени интуицијата и стратешкото размислување.
Кои се неговите три клучни совети за SEO? Погледнете ја целата епизода на YouTube и дознајте:
New Biz Podcast е проект во копродукција на webmind.mk и pari.com.mk поддржан од Sustain Media програмата на ГИЗ и има за цел да ги отвори темите поврзани со новите технологии како вештачката интелигенција, блокчејн, крипто, децентрализиран web 3.0, IoT и нивното влијание врз бизнисот.