Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Групацијата Нелт продолжува забрзано да се развива, со синергија на организациски промени, инвестиции во дигитална трансформација и развој на африканските пазари. На третата годишна конференција „Accelerate 2025“, посветена на актуелната деловна стратегија, присуствуваа повеќе од 200 менаџери на компаниите кои се дел од Групацијата.

darko-lukikj-nelt

Извор: Nelt

Милош Јелиќ, првиот извршен директор на Групацијата Нелт, кој 24 години е дел од компанијата станува член на Надзорниот одбор, додека Дарко Лукиќ, актуелниот извршен потпретседател, од 1 јули ја презема улогата на генерален директор.  

„Во денешното деловно опкружување, промените се од суштинско значење за понатамошен развој. Останувам во Нелт како член на Надзорниот одбор, што ќе ми даде можност да го гледам работењето низ друга призма и да придонесувам од една поинаква перспектива. Продолжуваме по патот пред нас со оптимизам, храброст и голема благодарност за сè што направивме заедно“, порача Јелиќ.

Фокусот на компанијата во наредниот период ќе биде кон дополнително зајакнување на организацијата, продолжување на инвестициите во дигитална трансформација, како и инвестирање во иновации.

nelt

Извор: Nelt

image-1

Охрабрени од позитивните резултати и успехот на стратегијата Accelerate 2025, продолжуваме со трансформацијата која се темели на здрава организација, инвестиции во дигитални иновации и континуирана диверзификација на работењето на Нелт. За да им обезбедиме најдобра услуга и производи на нашите принципали, клиенти и потрошувачи, ќе бидеме агилни, мотивирани и отворени за комуникација со сите засегнати страни. Уверен сум дека имаме и човечки и финансиски ресурси да ги искористиме многубројните можности за понатамошен раст на бизнисот и благодарен сум за можноста да ја водам компанијата во следната развојна фаза.

Рече Лукиќ.

Од лансирањето на деловната стратегија „Accelerate 2025“, вкупните капитални инвестиции на Нелт изнесуваат речиси 50 милиони евра, од кои значителен дел е инвестиран во нови технологии, опрема и одржливо работење.

Настанот се одржа во хотелот Хилтон во Белград, а преку програмските сегменти „Year in review“, „Future outlook“ и „Nelt talks“ беше даден преглед на тековните проекти и презентација на плановите за наредниот период.

Во рамки на конференцијата се одржа и Change management работилница, со цел на присутните да им се обезбеди дополнителна едукација за управување со промени. Панелот „Hello Africa“ овозможи специфичен увид во дистрибутивните и производствените операции како и животот на африканскиот пазар.

konferencija

Извор: Nelt

Исто така,  оваа година беа доделени и Top Accelerator наградите на тимовите кои во текот на претходната година реализираа проекти кои придонесоа за забрзување на растот на компанијата.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.