Аквизицијата доаѓа во време кога технолошките компании се натпреваруваат во изградба на огромна инфраструктура за поддршка на модели на вештачка интелигенција.
Локацијата Абилин во Тексас е избрана за првиот американски проект Stargate, дата центар вреден 500 милијарди долари, предводен од OpenAI и SoftBank. По неговото завршување следната година, центарот ќе обезбедува 1,2 гигавати енергија, со што ќе стане еден од најголемите дата центри во светот.
Oracle ќе купи околу 400.000 Nvidia GB200 чипови – најновите „суперчипови“ на Nvidia, наменети за обука и водење на ВИ системи и ќе изнајми компјутерска моќ на OpenAI, според информации од неколку извори запознаени со овој план.
Сопствениците на локацијата, Crusoe и американската инвестициска компанија Blue Owl Capital, собрале 15 милијарди долари капитал за финансирање на проектот Abilene, кој ќе вклучува изградба на осум објекти. Работите на теренот започнале во јуни минатата година.
Се очекува дата центарот целосно да биде оперативен до средината на 2026 година. Oracle се има обврзано да ја изнајми локацијата на 15 години. Stargate, кој беше основан претходно оваа година, нема директна инвестиција во локацијата.
Најголемиот дел од долговното финансирање го обезбедил JPMorgan преку два заема со вкупна вредност од 9,6 милијарди долари, додека компаниите Crusoe и Blue Owl одвоено инвестирале околу пет милијарди долари во готовина.
Извор: bizlife.rs