Раководството соопшти дека ќе укине илјада работни места во главниот погон на Northvolt во Шелефтео, 400 во Вестерос и 200 во Стокхолм.
„И покрај големиот замав на електрификацијата, мораме да преземеме вистински мерки во вистинско време како одговор на неповолната моментална состојба на пазарот за електрични возила,“ изјави извршниот директор Петер Карлсон.
Групацијата исто така ги запира плановите за големо проширување на фабриката Northvolt Ett во Шелефтео и планира да ги насочи ресурсите во зголемување на производството на батериски ќелии.
Според Карлсон, Northvolt мора да се фокусира на масовно производство на батериски ќелии во Шелефтео, бидејќи тоа е клучно за снабдувањето на клиентите, како и за одржување на бизнисот.
„Денес донесовме тешки, но неопходни одлуки со цел да обезбедиме иднина за Northvolt,“ додаде Карлсон.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон неодамна изјави дека владата не планира да и помогне на компанијата со купување сопственички удел.
Northvolt ја заврши минатата година со нето загуба од 1,17 милијарди долари, речиси четири пати поголема отколку во 2022 година. Нето приходот, пак, се зголеми за 20%, на 128,3 милиони долари.
Извор: BIZLife.rs