Тивка исцрпеност: Глобално чувство што нè поврзува сите

Без разлика дали живеете во Белград, Берлин или Бангкок, едно чувство последниве години полека се вселува во секојдневието на речиси секој вработен човек: постојана, блага исцрпеност. Не сте сосема „прегорени“, но не сте ни одморени. Спиете, но не се будите свежи. Одмарате, но не чувствувате „ресет“. Викендот доаѓа и поминува, а вие како сè уште да сте „во движење“.

iscrpenost-4120-fi

Извор: Freepik

Оваа тивка исцрпеност, наречена уште “quiet exhaustion” или “low-grade burnout”, стана глобална дијагноза на современиот живот. Не се зема боледување заради неа. Не се гледа на состаноците. Но присутна е во секој сегмент од денот и во добро познатата реченица: „само уште оваа недела да ја истуркам“.

Во што е суштината?

Современиот свет бара постојано да сме достапни, информирани, вклучени. Нотификации, мејлови, Slack пораки, обврски што „можат да почекаат до понеделник“, но никогаш не чекаат. Работата завршува кога завршува денот, но денот веќе не завршува со зајдисонцето.

И потоа доаѓа викендот. Наместо да се опуштиме, ние се обидуваме да го организираме сé во 48 часа, пазарење, ручек кај роднини, перење алишта и обид да „наполнеме батерии“. Затвораме очи на каучот, но телефонот сепак ѕвони. И тоа е тоа.

Како понатаму?

Психолозите сè почесто предупредуваат дека оваа “тивка исцрпеност” не смее да се игнорира. И дека за опоравување не ни треба месец дена одмор на Бали, туку нов, посвестен однос кон секојдневието.

Малите нешта помагаат:

– Микро-ритуали без технологија (утринско кафе без екран, прошетка без слушалки)

– Еден ден во неделата без социјални мрежи

– Викенд без прецизно испланирана агенда

Тивката исцрпеност можеби не вреска, но постојано шепоти. И заслужува да ја слушнеме.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.