Овие работни места, познати како work from anywhere (работа од каде и да сакате), им овозможуваат на вработените целосна слобода при изборот на локацијата. За разлика од класичните „remote“ работи, кои честопати ве врзуваат за одреден град или држава поради даночни и законски регулативи, work from anywhere работните позиции нудат максимална флексибилност и слобода.
„Овие позиции им овозможуваат на луѓето навистина да го живеат животот што го посакуваат каде и да се наоѓаат,“ објаснува Кит Спенсер, експерт за кариера од платформата FlexJobs за CNBC.
Најбараните области за работа од каде било
FlexJobs ја анализираше својата база на огласи за работа помеѓу јануари и април 2025 година и ги издвои десетте области каде што моментално најмногу се бараат work from anywhere вработени:
-Информатичка технологија
-Менаџирање проекти
-Маркетинг
-Оперативно управување
-Корисничка поддршка
-Комуникации
-Сметководство и финансии
-Продажба
-Бизнис развој
-Пишување и креирање содржина
Во споредба со минатата година, кога најбараните позиции беа како account executive, content writer и data analyst, оваа година фокусот е ставен на менаџери за корисничка поддршка, извршни асистенти и научници за податоци (data scientists).
Додека побарувачката за позиции поврзани со пишување и корисничка поддршка е во благ пад, потребата за кадар во операции, комуникации и бизнис развој забележува пораст.
Но не заборавајте, овие работи не се за секого
И покрај популарноста, ваквите работни места сочинуваат помалку од 5% од вкупната понуда за работа на далечина, покажуваат податоците од FlexJobs. Дополнително, тие бараат значително повеќе искуство, дури 76% од огласите се наменети за кандидати со претходно работно искуство, а само 3% се наменети за почетници.
„Работните позиции што можат да се извршуваат од која било локација носат свои предизвици,“ вели Спенсер. „Не сакате некој што е целосно нов во професијата веднаш да се најде во такво опкружување, потребни се самостојност и конкретни вештини за да се функционира успешно.“
Кои вештини се клучни?
Ако целите кон ваква работа, подгответе се да покажете:
-Одлично управување со времето
-Јасна и професионална комуникација
-Способност за решавање проблеми
-Критичко размислување
-Техничка самостојност
Многу од овие позиции подразбираат асинхрона работа – што значи дека нема да бидете онлајн во исто време со тимот па затоа е важно да умеете да решавате технички проблеми без помош од ИТ оддел.
Советот на Спенсер: „Не кажувајте само дека знаете – покажете. Наведете конкретни примери и ситуации каде што сте ги користеле своите вештини и сте постигнале резултати.“
Извор: Bizlife.rs