Регрутерка откри прашање што веднаш ги елиминира кандидатите за работа

regruterka-5255-fi

Извор: Freepik

За време на интервјуата, Оливер им поставува на кандидатите едно клучно прашање: ги замолува да наведат една цел што ја поставиле и ја оствариле, но и една што не успеале да ја постигнат. Како најважен го смета делот за неуспехот бидејќи, како што вели, многу кандидати не сакаат да зборуваат за такви искуства.

„Така сакам да ги започнам разговорите, за да видам како луѓето размислуваат за себе. Луѓето никогаш не сакаат да зборуваат за тие работи“, истакна таа. Оливер вели дека избегнува да ангажира кандидати кои се обидуваат да го заобиколат или „измамат“ прашањето за неуспехот, наместо искрено да одговорат и да преземат одговорност.

„Неуспехот е всушност дел од учењето“

Оливер објаснува дека не бара совршени одговори, туку искреност и преземање одговорност за грешките од минатите искуства. Додава дека често разговара со млади матуранти кои се навикнати на успех и тешко зборуваат за предизвици.

„Навикнати се да бидат најдобри и успешни, но важно е да се научи дека на работното место успехот се мери поинаку. Не станува збор за испити, туку за тимска работа, признавање дека нешто не го знаеме и прифаќање дека понекогаш не успеваме“, вели таа.

Слично размислува и психологот Сем Голдштајн, кој истакнува дека стравот од грешки не може целосно да се отстрани, но може да се промени начинот на кој ги доживуваме. „Кога ќе почнеме да гледаме на грешките како на податоци, а не како на катастрофи, отвораме простор за личен и колективен раст“, објаснува тој.

Оливер заклучува дека ваквиот став е клучен во работата бидејќи, како што вели, „неуспехот е всушност дел од учењето“.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.