Добрата вест? Постојат едноставни, практични техники што можат значително да ја подобрат концентрацијата и способноста за памтење.
Без разлика дали учите нешто ново, се подготвувате за работа или само се обидувате да се сетите каде сте го оставиле далечинскиот управувач, овие методи му помагаат на мозокот да работи појасно, побрзо и попродуктивно.
Едноставни техники за посилно памтење, подобар фокус и повеќе ментална јасност
1. Бидете присутни во моментот
Најчеста причина за заборавање не е слабата меморија, туку недостатокот на внимание. Ако ви лутаат мислите додека ги оставате клучевите или запознавате нови луѓе, мозокот воопшто не ја регистрира информацијата.
Затоа, кога нешто правите, успорете. Погледнете го местото каде го оставате предметот и свесно изговорете: „Клучевите се на комодата.“ Така создавате јасна ментална трага.
2. Поврзете ја информацијата со емоција
Мозокот подобро го памти она што буди чувства. Затоа се сеќаваме на работи што нè насмеале, растажиле или изненадиле. Ако сакате да запомните нешто, врзете го со боја, мирис или некаква асоцијација.
На пример: името на колешката запомнете го така што ќе го поврзете со нејзиното омилено цвеќе или некој интересен детал од приказната што ја споделила.
3. Активирајте повеќе сетила
Колку повеќе сетилни информации, толку подобро помнење.
Визуелизирајте, запишете или изговорете наглас.
Кога запознавате некого, замислете го неговото име напишано на табла или поврзете го со слика.
Ако сакате да запомните каде сте паркирале создадете визуелна мапа: бојата на ѕидот, бројот на паркинг местото, близок знак.
4. Користете мнемотехники
Акроними, рими и асоцијации можат многу да помогнат.
Направете кратка реченица од почетните букви на зборовите што треба да ги запомните.
Овие „трикчиња“ ги користат студенти, актери и предавачи затоа што му помагаат на мозокот да групира и побрзо да извлече информации.
5. Создадете повеќе ментални патеки
Колку повеќе поврзани податоци имате за нешто, толку полесно ќе го повикате од меморијата. Ако сакате да запомните нечие име, поврзете го со:
- местото на кое сте се запознале
- темата на разговорот
- интересен детал
На овој начин, мозокот создава повеќе патишта до истата информација.
6. Вежбајте го памтењето
Памтењето е како мускул. Се зајакнува со употреба. Проверена техника е повторување во интервали, т.е не учете сè одеднаш, туку враќајте се на материјалот во кратки временски растојанија (spaced repetition).
7. Групирајте информации
При учење поголеми количини податоци, поделете ги на мали делови. Наместо да памтите долга листа, организирајте ја во 3–4 логични целини. Мозокот полесно складира вакви структури.
8. Воведете нови активности
Мозокот „цвета“ кога работи нешто ново. Учење јазик, свирење инструмент или нов спорт создаваат нови невронски врски. Редовното изложување на нови искуства го прави мозокот поактивен, пофлексибилен и помлад.
9. Грижете се за здравјето
Добро памтење не доаѓа само од техники, тука и преку:
- квалитетен сон
- здрава исхрана
- физичка активност
Недостаток на сон, хроничен стрес, шеќер и алкохол директно ја намалуваат концентрацијата и меморијата.
10. Опуштете се и дишете
Хроничниот стрес создава „ментална магла“ и го забавува мислењето. Затоа е важно да практикувате длабоко дишење, прошетки, јога, медитација.
11. Спијте доволно
Сонот е време кога мозокот ги „сортира“ информациите и ги претвора во долгорочно памтење. 7–9 часа сон се идеални за когнитивно здравје.
12. Храна за мозокот
Храната богата со антиоксиданси, витамини и здрави масти е одлична за меморија:
- ореви
- маслиново масло
- риба
- бобичесто овошје
Медитеранската исхрана е идеална за мозочни функции.
На крајот – не паничете!
Сите понекогаш забораваме каде сме го оставиле телефонот или на кого веќе сме се претставиле. Таквите „празнини“ во памтењето се нормални. Решението не е грижа, туку грижа за себе:
Одморен мозок + здраво тело + мирен ум = подобро памтење.