Саудиска Арабија лидер во областа на е-спортовите
Овој потег го нагласува растечкиот значај на е-спортовите на глобално ниво и ја признава Саудиска Арабија како лидер во оваа област. Саудиска Арабија, преку својот план Vision 2030, вложува значителни напори во диверзификација на својата економија и унапредување на спортските и технолошките сектори. Организирањето на Олимписките игри во е-спортови претставува значаен чекор во тој правец, нудејќи платформа за млади таленти и промовирање на спортската култура.
Партнерството доаѓа во момент на значаен раст на спортот воопшто во Саудиска Арабија, водено од социјалната и економската трансформација на земјата во рамките на Vision 2030. Од 2018 година, Кралството е задолжено за организирање на некои од најголемите глобални спортски настани, приредувајќи над 100 меѓународни настани за машки и женски спортисти, вклучувајќи е-спортови, фудбал, мото спортови, тенис, коњички спортови и голф, привлекувајќи над 26 милиони спортски навивачи.
Како резултат на тоа, спортот станува сè позначаен дел од секојдневниот живот во Саудиска Арабија на сите нивоа, од аматерски до елитен. Вкупното учество во спортот се зголеми повеќе од тројно од 2015 година и достигна скоро 50% од населението на земјата. Бројот на спортски федерации, исто така, тројно се зголеми за овој период, од 32% на 98% , при што Федерацијата за е-спорт на Саудиска Арабија e еден пример на раст. Дури 67% од населението на Саудиска Арабија се сметаат за играчи, со сè поголем број професионални е-спорт играчи (моментално 100), кои се занимаваат со тоа полно работно време, објави Меѓународниот олимписки комитет.