Kлучни лекции за паметно инвестирање: Непреземањето ризик е најголемиот ризик

Како мудро да вложувате на берзата и да го зголемите вашиот капитал? Дали е потребен талент за инвестирање или сè може да се научи?

epizoda-2882-fi

Извор: WebMind Редакција

Во шестата епизода на New Biz Podcast, гостин беше Иван Ивановски, кој преку MasterClass ги едуцира македонските граѓани како паметно да инвестираат. Тој истакнува дека многумина очекуваат брз профит веднаш по првата инвестиција, но вистинскиот успех доаѓа со знаење и добро осмислена стратегија.

„Кои се очекувањата? Повеќето луѓе веруваат дека веднаш штом почнат да инвестираат, треба да остваруваат профит, но тоа е погрешен пристап. Потребно е време, учење и разбирање на процесот. Парите мора да се остават да работат за вас. Често, почетните очекувања се нереално високи, но со тек на време, инвеститорите сфаќаат како функционира пазарот и почнуваат да се прилагодуваат и нормално да функционираат,“ вели Ивановски.

Во разговорот, тој го споделува своето лично искуство – како од IТ developer станал успешен инвеститор. Отворено зборува и за​ криптовалутите, за недостатокот од регулатива на македонскиот пазар и потребата од финансиска едукација. Ивановски, исто така, посочува дека компаниите мора да инвестираат во вештачка интелигенција ако сакаат да бидат лидери во своите индустрии, во спротивно ќе бидат прегазени.

Размислувате да инвестирате? Погледнете ја целата епизода на YouTube и дознајте како и колку:

New Biz Podcast е проект во копродукција на webmind.mk и pari.com.mk поддржан од Sustain Media програмата на ГИЗ и има за цел да ги отвори темите поврзани со новите технологии како вештачката интелигенција, блокчејн, крипто, децентрализиран web 3.0, IoT и нивното влијание врз бизнисот.

Христина Шеќероска, дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност. Вљубеник во пишаниот збор. Мото: трпеливоста и упорноста пред сè.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.