Е-трговија во Македонија: Како до успех на домашен и странски пазар?

Големите платформи како Temu ја користат вештачката интелигенција за анализа на потрошувачките навики и креирање на хиперперсонализирано искуство. Дали тие претставуваат проблем или мотивација за локалните е-трговци? Што му е потребно на еден локален е-трговец за да се пробие на поширок пазар?

5-epizoda-2863-fi

Извор: WebMind Редакција

Во петтата епизода на New Biz Podcast, гостинка беше Марија Ристовска од Асоцијацијата за е-трговија, која сподели увиди за тоа како локалните бизниси можат да се носат со глобалната конкуренција, кои се најчестите заблуди поврзани со е-трговијата и зошто патот до успехот не е брз.

„Честа заблуда е кога се мисли дека доволно е да се отвори е-продавница и работата е завршена. Тоа е сериозен предизвик за нас како асоцијација – да ги едуцираме бизнисите со кои работиме и да им помогнеме да сфатат дека отворањето на е-продавница е само почеток. Потребна е стратегија за привлекување потрошувачи и континуирана промоција,“ вели Ристовска.

Мотивирана од потенцијалот на е-трговијата и можноста да се поддржат локалните бизниси, таа во подкастот зборува за тоа дали македонските е-трговци можат да бидат конкурентни на странските пазари, како да се гради доверба кај потрошувачите и дали платформите како Temu треба да се гледаат како проблем или мотивација за раст.

Размислувате да отворите е-продавница? Погледнете ја целата епизода на YouTube и дознајте ги клучните чекори:

New Biz Podcast е проект во копродукција на webmind.mk и pari.com.mk поддржан од Sustain Media програмата на ГИЗ и има за цел да ги отвори темите поврзани со новите технологии како вештачката интелигенција, блокчејн, крипто, децентрализиран web 3.0, IoT и нивното влијание врз бизнисот.

Христина Шеќероска, дипломиран филолог по англиски јазик и книжевност. Вљубеник во пишаниот збор. Мото: трпеливоста и упорноста пред сè.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.