Google ќе ја забрани застарената метода за најавување
Застарената метода за најавување, како што наведуваат од компанијата Google, позната како “Less Secure Apps” (LSA), претставува дополнителен ризик бидејќи овозможува полесен неовластен пристап до сметката.
Корисниците во иднина ќе мора да ја користат опцијата „Најави се преку Google“, која користи побезбедна OAuth метода на автентикација, и која веќе ја користат повеќето апликации и уреди на трети страни.
„Во рамките на посветеноста кон безбедноста на корисниците, Google Workspace повеќе нема да поддржува најавување за апликации или уреди на трети страни кои бараат споделување на корисничко име и лозинка на сметката на Google “, се наведува во соопштението на компанијата.
Извор: Web-mind.rs
Закана по сајбер безбедноста
Предупредувањето за зголемување на бројот на напади врз корисниците на Gmail пристигнува заедно со потсетувањето дека Google планира да ги заостри безбедносните мерки за корисниците на Google Workspace.
Google наведе дека ќе престане поддршката за „помалку сигурни апликации“ и Google Sync, што беше најавено во ажурирањето на Google Workspace пред речиси една година.
Одлуката за заострување на безбедноста на автентикацијата првпат беше предложена во декември 2019 година, но беше прекината во март следната година поради влијанието на пандемијата на COVID-19.
Сега се приближува крајниот рок за усогласување на сметките на Gmail, Calendar и Contacts со новите безбедносни мерки.
Иако може да се чини дека Google ги отежнува работите, всушност применува разумен пристап за решавање на проблемот со автентикација на сметките, што ќе ја намали можноста за закани кон вашата сметка на Gmail. Оваа промена е исклучително корисна и треба да се пофали Google што конечно го решава проблемот со помалку сигурните апликации.
Поддршката за овие апликации на Gmail се укинува, а истовремено се прекинува и Google Sync. Иако ова не е нова вест бидејќи Google веќе минатата година издаде предупредување, заострувањето на роковите за примена на новите безбедносни мерки ги изненади некои корисници, објави порталот Digital Information World.