Оценката „А-“ ја сместува Yanfeng во групата на лидери и покажува дека компанијата има значително подобри резултати од своите конкуренти, а исто така бележи и поголем успех од регионалниот азиски и глобален просек на групата на која припаѓа, во чии рамки останатите достигнуваат оценка „Ц-“.
Во текот на изминатата година организацијата CDP го оценуваше еколошкиот аспект на бизнисот на повеќе од 21.000 компании. За да заработат оценка „А“, компаниите мораа да покажат примат во заштитата на животната средина, да презентираат активности кои придонесуваат за спречување на климатските промени и да покажат најдобра практика. Тие, исто така, мораа да обезбедат докази за нивните стратегии и мерки, како што се специфицирање на научно засновани цели и создавање план за заштита на климата. Yanfeng Interiors на организацијата CDP ѝ ги претстави своите податоци во врска со климата од 2018 година до денес, и трет пат по ред ја доби оценката „А-“.
Yanfeng континуирано ги следи процесите на набавка и ги идентификува и развива активностите за интегрирање на информациите за животната средина во својата глобална база на снабдување.
„Со подобрување на организацијата на набавките имаме потенцијал да постигнеме важни еколошки промени во нашиот синџир на снабдување. Поради оваа причина, ние не само што се концентрираме на нашите сопствени перформанси во оваа област, туку и тесно соработуваме со нашите добавувачи, за да ги забрзаме еколошките активности во синџирот на снабдување на компанијата“, рече Гунар Бихтер, потпретседател за глобална одржливост во Yanfeng.
Покрај признанието за одржливост на бизнисот, Yanfeng доби и оценка „А-“ за својот „ангажман на подизведувач“. Во оваа годишна проценка на организацијата CDP се огледува посветеноста на компанијата за активности за заштита на климата во синџирот на снабдување. Со овој рејтинг, овој подизведувач на автомобилската индустрија е меѓу првите 15% од компании што постигнале водечка позиција меѓу нивните директни конкуренти.