Како што потрошувачите купуваат продукти за секојдневна употреба, така и одржливоста станува дел од одлуките за купување, заедно со цената, вкусот и функционалноста. Токму затоа биоекономијата и иновациите продираат во сите индустрии, од производство на спортска облека па сé до козметика. Преференцата е кон продукти произведени на т.н „зелен“ начин, од страна на брендови кои активно се залагаат за намалување на јаглеродниот отпечаток и загадувањето.
Токму кон ова „зелено“ движење, верувале или не, сé поактивно се приклучуваат и големите корпорации. Cargill, американска глобална корпорација за храна со седиште во Минесота, е најголемата приватна компанија во САД во однос на приходите, и замислете, истата инкорпорира еко вредности во своето работење!
“За да ги задоволи потребите на зголемуањето на населението, кое се предвидува да надмине 8.5 милијарди луѓе до 2030 година, индустрите од земјоделство до убавина треба да ja искористат секоја состојка,” изјави Флоријан Шатенман, главен технолошки директор и потпретседател за истражување и развој и иновации во Cargill. “Сега повеќе отколку некогаш, постои потреба за производи и решенија кои се поздрави за луѓето и за планетата. Cargill се предводници во оваа заложба, работејќи на создавање иднина која ќе биде поодржлива, поттикнувајќи иновации во полето на прехрамбените производи, земјоделството и биоекономијата.”
Што е тоа биоекономија?
Биоекономијата користи обновливи, природно базирани ресурси, како растенија, микроорганизми и одредени видови отпад, за производство на храна, материјали, енергија и што уште не.
Целта? Да се создаде поодржлив екосистем што може да се справи со некои од најголемите предизвици на светот – безбедноста на храна, климатските промени, одржливиот развој и употребата на природни ресурси. Како спротивност на еднократниот пристап кој создава отпад, биоекономијата се потпира на иновации и принципи на обновливост и циркуларност за да ги трансформира отпадните материјали во извори на нова вредност.
Додека биоекономијата има широко влијание врз индустриски сектори и ширум светот, системите за производство на храна претставуваат значителна можност каде би се применувала биоекономијата. Системите за производство на храна придонесуваат со 26% од глобалните емисии на стакленички гасови, но само 7.2% од искористените материјали се вратени во економијата во 2023 за подобрување на ефикасноста на ресурсите и намалување на јаглерониот отпечаток, според извештајот на фондацијата за циркуларна економија.
Постои огромен потенцијал за создавање на циркуларна економија низ снабдувачките синџири, вклучувајќи ја и областа на храната и земјоделството. Според Европската комисија, глобалниот пазар за био-базирани производи се очекува да вреди 5 трилиони долари до 2030 година, што е за 47% повеќе во споредба со 2018. Со овој економски раст доаѓа голема можност за создавање на поодржливи производи.
Поодржлив животен стил благодарение на био-базирани производи
Cargill ги преработува производите и материјалите од сите аспекти на секојдневниот живот со био-базирани решенија, вклучуваат храна, состојки за убавина и текстил. Користејќи го вековниот метаболички процес на ферментација, Cargill донаесува нови иновации во начинот на производство на храна.
Се забележува зголемениот интерес за нискокалорични и нула-калорични засладувачи во сè, од печива до закуски и спортски напитоци. Cargill им помага на клиентите да ги намалат шеќерите, истовремено намалувајќи го јаглениот отпечаток на нивните производи. На пример, EverSweet® е ферментиран засладувач со стевија со одржлив производен процес кој користи помалку земјиште и вода и произведува помалку јаглен од стевијата што се бере од растенија. Најновата оценка на животниот циклус на компанијата покажа импресивни одржливи предности во споредба со шеќерот, со намалување од 96% на употребата на земјиште, намалување од 97% на водниот отпечаток и намалување од 81% на јаглениот отпечаток.
Биоекономијата се преплетува и во текстилната индустрија
Qore®, заедничката компанија на Cargill и HELM, соработува со The LYCRA Company, лидер во развојот на иновативни влакна и технолошки решенија за глобалната текстилна индустрија. Според потребите на потрошувачите за намалување на материјали базирани на фосилни горива, оваа соработка воведува био-произведени LYCRA® влакна направени со QIRA®, како алтернатива за производство на еластични влакна што се употребуваат во LYCRA облека .
Со растот на пазарот за био-базирани козметички производи, Cargill користи нови технологии за да претстави иновативни, природно произведени производи во козметичката индустрија за нега на кожа, коса, лична убавина и усна нега.
BotaniDesign™ – еден од финалистите за иновации на наградите Edison за 2024 година – е уште еден пример за растителна алтернатива на конвенционалниот петролеумски гел, кој се употребува во производи како балзам за усни и гелови за туширање.