Huawei и ирското Здружение за истражување и зачувување на океаните (OCRA) ги претставија најновите откритија за заштита на морскиот свет врз основа на проектот Smart Whales Sound. Оваа студија откри дека бучавата што ја создаваат бродовите во Келтското Море има лош ефект врз многу морски видови – од фоките и рибите до лигњите, а познато е дека бучавата може сериозно да го загрози опстанокот на китовите.
Извор: Freepik / chandlervid85
Емер Кивени, еден од основачите и извршен директор на ORCA, вели дека бучавата што ја создаваат бродовите може да ги прикрие повиците на китовите, да влијае на комуникацијата на животните и раселувањето од нивните живеалишта, па затоа е неопходно да се преземат одредени активности.
Напредната технологија може да ни помогне во овие напори, па затоа ги користиме Huawei ModelArts и Cloud меморијата, заедно со машинското учење, за да го автоматизираме следењето на дивите животни и со тоа да придонесеме за зачувување на морето.
Додава Кивени.
Системот за откривање на различни видови може да има позитивни резултати во однос на зачувување на морето преку известување на пловните бродови дека китови и други морски животински видови се присутни во близина. Сето ова е можно благодарение на новиот систем за собирање звучни податоци на Huawei. Исто така, овој систем треба да помогне во планирањето на клучната поморска инфраструктура, како што се поморските објекти за обновливи извори на енергија, за да се осигура дека влијанието на нивната изградба врз морскиот свет е намалено.
„Со користење на технологијата Huawei Cloud, податоците се пренесуваат до истражувачите многу брзо, без потреба од извлекување на опремата од морето, што може да доведе до нејзино оштетување. Huawei верува дека дигиталните технологии можат да помогнат во социо-економскиот развој и да имаат корист за општеството како целина“, објаснува Лука Мекдонел, ПР компанија на Huawei во Ирска.
Иницијативата Global Enabling Sustainability (GeSi), која е водечки извор на проверени информации, ресурси и најдобри практики за постигнување социјална и еколошка одржливост преку дигитални технологии, е горда на работата на Huawei.
„Исклучително сме задоволни што нашиот партнер Huawei ја презеде водечката улога и ги користи сопствените иновации и напредна технологија за да придонесе за зачувување на животинските видови кои живеат во морето“, посочува Луис Невес, извршен директор на иницијативата GeSi.
Проектот Smart Whale Sounds предводен од ORCA во партнерство со Rainforest Connection (RFCx) и поддржан од Huawei преку иницијативата TECH4ALL ја претставува првата морска биозвучна студија во Ирска. Овој проект користи софистицирана вештачка интелигенција и модели за длабоко учење за автоматско откривање и идентификување на различни видови китови во Ирска. Оваа студија започна со работа во март 2021 година, а прелиминарната анализа сугерира дека јужниот брег на Ирска претставува централно живеалиште на китовите, кои сочинуваат речиси половина од сите животински видови во островската држава.