Sun Stats: ESG комуникација со вкус на пржено пилешко

KFC Еквадор направи нешто што малкумина се осмелуваат: го направи ESG извештајот интересен.

esg-3359-fi

Извор: Ads of the world

Постојат две категории луѓе: оние што ги читаат ESG извештаите и оние што само ги симнуваат — за да ги препратат понатаму. И додека голем дел од корпоративниот свет сè уште верува дека инфографик со мали иконки и еден куп бројки е доволно, KFC Еквадор реши да оди чекор подалеку , да ги спои одржливоста и рекламната креативност и да ја наруши таа досадна рамнотежа.

Дали сте слушнале за “Sun Stats” — кампања која изгледа како реклама за вкусен оброк, а всушност е ESG извештај. Но не во PDF. Не во Arial 11. И дефинитивно не со 54 страници на кои ќе заспиете на третиот параграф.

Создадена од агенцијата Punto 99, оваа кампања ги презентира клучните податоци за одржливост на брендот преку визуелно привлечни креативни прикази инспирирани од сонцето, давајќи свежина што ја нема ниту еден класичен извештај .

И во тоа е поентата.

esg-3359-ps1

Извор: Ads of the world

Зошто ова е голема работа?

Според PwC, 78% од инвеститорите велат дека сакаат ESG податоци што се споредливи, разбирливи и визуелно прегледни, а не само декларативни. Истовремено, Harvard Business Review предупредува дека најголемиот проблем со ESG извештаите е што се премногу насочени кон регулативите, а премалку кон луѓето.

Во превод: многу извештаи, малку влијание.

KFC успеа да направи нешто што многу брендови не можат: да ги претвори своите бројки во визуелна приказна што сакаш да ја гледаш — и која сакаат да ја споделат и оние што немаат поим што значи дека 26% од пилешкото на KFC e испржено благодарение на соларната енергија.

Не се работи само за креативност. Се работи за емпатија во комуникацијата. За разбирање дека бројките не значат ништо ако никој не ги погледне. А камо ли ако не ги разбере.

Добредојдовте во новата ера на ESG комуникација

Брендовите сè повеќе сфаќаат дека одржливоста не е само прашање на обврска, туку и на репутација. ESG стана новото “cool” — но само ако знаеш да го комуницираш на начин што не изгледа како да е напишан од правен оддел. Не е станува збор дали имаш стратегија за одржливост — прашањето е дали некој ја забележал.

„Sun Stats“ е пример како брендовите можат да создадат impact и надвор од конференциските сали. Не со помпезни извештаи, туку со паметно раскажани приказни. Креативен, игрив, релевантен. Кампања што ги спакува сериозните пораки во визуелна форма што може да го заинтригира и Gen Z и директорот за одржлив развој.

esg-3359-ps2

Извор: Ads of the world

Бонус лекција?

Во 2025, одржливоста не треба да звучи досадно. Може да звучи како нешто што сакаш да го отвориш. И може да изгледа како рекламен постер на кој пишува:

„Еве што навистина правиме – и зошто тоа вреди.“ Ако сакаш и твојот ЕСГ извештај да изгледа вака посети ја esg.rcs.mk.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.