Webmind Редакција

Webmind Редакција

Најголемите светски технолошки компании Amazon и Google се приклучија на глобалната иницијатива за зголемување на капацитетите на нуклеарната енергија. Со ветувањето, потпишано за време на конференцијата CERAWeek во Хјустон, овие компании ја потврдуваат својата посветеност на енергетската транзиција.
Според индустриските прогнози, пазарот на хуманоидни роботи во Кина ќе достигне вредност од 5,3 милијарди јуани (околу 739 милиони долари) до 2025 година.
На неодамнешната конференција на SXSW, извршната директорка на социјалната мрежа Bluesky, Џеј Грабер, се појави во црна маица со латински натпис, која на шега алудираше на извршниот директор на Meta, Марк Цукерберг. Ваквата нејзина појава привлече големо внимание и предизвика реакции кај корисниците кои веднаш побрзаа да ја добијат маицата, што доведе до нејзина брза продажба.
Во свет што брзо се менува, каде што технологијата го диктира темпото на животот, многу ретро брендови му пркосат на времето, враќајќи нè во минатото, евоцирајќи спомени и емоции кои нè потсетуваат на „поедноставни“ времиња. Овие брендови не се само производи, туку симболи на носталгија, културни времеплови што ни даваат чувство на стабилност и припадност. Феноменот на ретро брендови не е ограничен само на Македонија, Србија и регионот – тоа е глобален тренд што ја открива моќта на минатото во модерното општество.
Секојдневно сме сведоци на бројни интернет измами – од лажни известувања за пратки, неплатени сметки за омилени серии, неверојатни понуди за работа, до можност за брза заработка преку инвестиции во акции на големи компании што наводно ги препорачуваат познати личности од светот на спортот и уметноста.
Овој култен домашен компјутер, познат како „Speccy“, беше хит во осумдесеттите години, во жестока конкуренција со Commodore 64. Додека Atari, Nintendo и Sega ја привлекуваа вниманието на љубителите на конзолите, многумина сметаа дека токму домашниот компјутер е вистинската работа. ZX Spectrum не служеше само за играње – на него учевме програмирање и ги истражувавме можностите на едноставните игри, а неговата гумена тастатура беше дел од тоа неповторливо искуство.
All articles loaded
No more articles to load