Webmind Редакција

Webmind Редакција

Додека европските влади сe почесто зборуваат за дигитална независност, Nvidia реши да ја претвори таа идеја во реалност – и тоа во стил што наликува на научнофантастичен филм. Со нови AI-центри, суперкомпјутери и стратешки партнерства, Европа влегува во трката за развој на сопствена вештачка интелигенција, а Стариот континент никогаш не бил поблизу до сопствената верзија на „AI супермозок“.
Лери Елисон, основачот на технолошкиот гигант Oracle, го надмина Џеф Безос и стана втор најбогат човек на светот, веднаш зад Илон Маск. Оваа промена на врвот на листата на милијардери е резултат на наглиот раст на акциите на Oracle, кои се зголемија за над 13% по објавата на кварталните резултати што ги надминаа очекувањата на пазарот. Дополнително, Oracle најави големо партнерство со OpenAI и Microsoft, што дополнително го зајакна доверението на инвеститорите.
Реклама за Twix, инспирирана од акциони филмски сцени со бркања и дрифтови, официјално беше забранета во Велика Британија. Иако замислена како забавна и хумористична, британското регулаторно тело за огласување (ASA) оцени дека таа потенцијално промовира опасно однесување во сообраќајот.
Ванг Нинг, основач и директор на компанијата Pop Mart, за првпат се најде меѓу десетте најбогати луѓе во Кина, благодарение на светската популарност на играчките Labubu, кои ги освојуваат потрошувачите во Азија, Европа и САД.
Еден стартап од Индија, Harvesting Robotics, стана вирален на социјалните мрежи откако – верувале или не – вработи куче. Нивниот нов член на тимот е златен ретривер по име Денвер, а неговата официјална функција е Chief Happiness Officer, односно директор за среќа.
All articles loaded
No more articles to load