Најновите истражувања откриваат дека вештачката интелигенција (ВИ) во електронската трговија сè почесто се користи на начини што ги надминуваат легитимните подобрувања на корисничкото искуство. Наместо само да го олесни купувањето, ВИ станува моќно оружје за манипулации: од масовно генерирани лажни рецензии и автоматски промени на цени, до продажба на вешто изработени фалсификати и психолошки прецизно насочено рекламирање.
Webmind Редакција
Webmind Редакција
Цените на кириите во градските центри ширум Европа постојано растат, а според новиот извештај на Deutsche Bank, само во пет европски градови просечната кирија за трособен стан е пониска од 2.000 евра.
Летните температури често нè тераат да посегнеме по едноставни решенија – посилна клима, почести туширања или користење автомобил дури и за кратки растојанија. Но токму во тие ситуации можеме лесно да направиме избор што е подобар и за нас, и за планетата. Ти ги носиме седум едноставни и ефикасни совети за одржливо однесување во жешките летни денови.
Компанијата на актерот Рајан Рејнолдс, Maximum Effort, веќе е препознатлива по своите духовити и неконвенционални видео реклами. Продукциската куќа беше вклучена и во најновото видео на компанијата Astronomer со Гвинет Палтроу, реклама која веќе се опишува како by the book пример за кризен ПР. Видеото се појави само неколку дена откако поранешниот извршен директор и поранешната директорка на човечки ресурси беа забележани како се гушкаат на концерт на Coldplay.
Колку време им е потребно на големите компании за да заработат еден милион долари? За некои тоа е цел што се гради со години, додека други ја достигнуваат за помалку од еден ден – па дури и за еден час. Брзината со која најмоќните светски корпорации стигнуваат до првиот милион долари открива колкаво е нивното глобално влијание, доминацијата на пазарот и силата на нивните деловни модели. Од технолошки гиганти како Meta и Amazon, до модни и автомобилски брендови како Nike и Tesla – еве колку секунди, минути или часови им се потребни за да го „поминат“ првиот милион. Некои од одговорите можеби ќе ве изненадат.
Ова значајно лансирање доаѓа порано отколку што се очекуваше, а воедно е голем чекор за дигиталните плаќања во земјава. Сега, со само неколку клика, корисниците на Apple уреди можат да плаќаат брзо и безбедно со своите iPhone, Apple Watch или други компатибилни уреди.
All articles loaded
No more articles to load