Европа и понатаму го држи приматот кога станува збор за работа на далечина, додека сè повеќе земји воведуваат посебни визи и престојнички програми наменети за дигиталните номади – луѓе кои работат виртуелно од кој било дел на светот.
Webmind Редакција
Webmind Редакција
Сонувавме да го прескокнеме досадниот дел од работата, да замолиме колега дали може тој да го заврши наместо нас. Пополнувањето табели и создавањето документи сега повеќе не мора да ве заморува, затоа што е пожелно тоа да го прави вештачката интелигенција (AI) наместо вас. Компаниите почнуваат да го ставаат акцентот на заедничката работа меѓу човекот и AI во новата деловна динамика наречена Vibe Working (или „вајб работа“).
Работата игра значајна улога во нашиот живот ни дава чувство на вредност, исполнетост и самопочит. Но, стресните ситуации на работа се секојдневие за секого, во поголема или помала мера. Сепак, не реагираме сите еднакво.
Додека на Запад трендот сè повеќе се движи кон ставање на мајчинството на прво место, а останувањето дома и паузата во кариерата стануваат своевидна нова догма, ние сè уште само можеме да сонуваме или барем хипотетички да размислуваме. Ама, со хипотези сè започнува. Можеби еден ден, покрај сите западни влијанија што ни се наметнаа, ќе нè преплават и оние кои со радост би ги прифатиле.
Сите мајки постојано работат, без оглед на тоа дали имаат формална работа и кариера, или се „само“ мајки и домаќинки. Некои мајки неуморно работат од дома. Некои надвор од неа. Некои го судираат работниот ден со домашните обврски, а на сите вработени мајки балансот помеѓу работата и животот им е огромен предизвик.
Дали сте се запрашале како изгледа идеалната пауза на работа? Стручњаците постојано ја нагласуваат важноста од одвојување време за „полнење батерии“ среде работниот ден. Овие паузи буквално можат да ви го спасат денот за само неколку минути го намалуваат стресот, го ублажуваат заморот и ја подобруваат концентрацијата. Непрекинатата работа негативно влијае врз перформансите и не само тоа. Во екстремни случаи, може да доведе до негативна спирала: вработениот се обидува да ги заврши задачите иако е исцрпен, прави грешки, повторно ги работи истите задачи и на крајот работи уште повеќе. Колку повеќе работиме, толку помалку сме продуктивни.
All articles loaded
No more articles to load