Еве што ни подготвуваат ѕвездите за периодот од 15 до 21 март:
ОВЕН
Љубов: Почетокот на неделата може да донесе чувство на затишје во емотивниот простор, како одредени прашања да се повлекуваат во заднина и да го чекаат вистинскиот момент за да бидат изговорени. Во врските е можно кратко повлекување – не со цел дистанцирање, туку како потреба за разјаснување и смирување на емоциите. Младата месечина во Риби во средината на неделата ја нагласува длабочината на поврзаноста. За паровите, ова е момент на тивко разбирање или важен разговор што помага да се премостат несигурностите. Слободните Овни би можеле да почувствуваат силен бран на носталгија или потреба да затворат некое старо поглавје пред да се отворат за нови средби. Кон крајот на неделата, влегувањето на Сонцето во вашиот знак го враќа чувството на лична сила, а директниот Меркур носи појасна комуникација.
Работа: Работниот ритам во првата половина од неделата може да делува побавно отколку што посакувате. Можни се доцнења на информациите, ситни недоразбирања во договорите или потреба дополнително да се провери нешто пред да се продолжи понатаму. Младата месечина во Риби поттикнува размислување за пошироката смисла на вашата работа – не само за роковите, туку и за тоа каде долгорочно сакате да ја насочите својата енергија. Со влегувањето на Сонцето во Овен, работите почнуваат да се разбиструваат и полесно ќе преземате иницијатива.
Здравје: Енергетското ниво на почетокот на неделата може да донесе замор или потреба за повеќе сон. Марс во Риби ве потсетува да го слушнете внатрешниот ритам, а Младата месечина нуди прилика за регенерација. Смирувачките и медитативните активности ќе ви донесат емоционално растеретување. Крајот на неделата носи зголемена виталност.
БИК
Љубов: Почетокот на неделата носи потреба за стабилност и јасност, но околностите може да делуваат малку неодредено. Ретроградниот Меркур сè уште влијае на комуникацијата, па некои стари теми или неразјаснети односи може повторно да испливаат на површина. Во врските, ова е прилика да разговарате за очекувањата и плановите за иднината, без брзање веднаш да ги дефинирате. Младата месечина во Риби го поместува фокусот кон чувството на припадност и заедништво. Слободните Бикови може да доживеат интересна средба преку пријателски кругови или заеднички проекти.
Работа: Ретроградниот Меркур може да донесе дополнителни корекции во плановите. Иако тоа може да изгледа како тапкање во место, всушност ви дава шанса попрецизно да ги поставите долгорочните цели. Младата месечина во Риби инспирира нови идеи – можеби ќе размислувате за нови професионални правци со поширока општествена димензија. Крајот на неделата носи јасност која овозможува промислени деловни чекори.
Здравје: Во првата половина од неделата може да почувствувате потреба за поспор ритам. Младата месечина ќе има смирувачки и регенеративен ефект врз вас. Најдете време за активности кои ве поврзуваат со природата и креативноста. Емоционалната поддршка од пријателите ќе игра важна улога во одржувањето на вашата внатрешна рамнотежа.
БЛИЗНАЦИ
Љубов: Почетокот на неделата носи чувство дека емоциите и секојдневните обaveзи не се во целосен склад. Вашиот владетел Меркур, додека е ретрограден, влијае на начинот на кој комуницирате за важните животни прашања. Во односите може да се отворат теми за приоритетите и одговорностите. Младата месечина во Риби ја осветлува потребата за подлабока смисла. Слободните Близнаци може да бидат привлечени од личности кои зрачат со зрелост и стабилност. Кон крајот на неделата, влегувањето на Сонцето во Овен ја враќа динамиката во вашиот социјален живот, носејќи спонтаност и емотивни искри.
Работа: Работната динамика бара силен фокус и трпение. Младата месечина во Риби ја нагласува вашата професионална репутација – размислете како сакате другите да ве гледаат во деловното опкружување. Ова може да биде почеток на нова идеја или промена во пристапот кон кариерата. Кога Меркур ќе тргне директно кон крајот на неделата, комуникацијата ќе стане побрза и подиректна.
Здравје: Оваа недела бара баланс помеѓу менталната активност и одморот. Чувството на расеаност е сигнал дека треба да го забавите темпото. Активностите кои вклучуваат тишина и креативност ќе ви помогнат да ја намалите внатрешната напнатост. Со доаѓањето на пролетта, вашата виталност нагло ќе порасне.
РАК
Љубов: Под влијание на ретроградниот Меркур кој е при крај, во врските може да се отворат разговори за вредностите и заедничките цели. Партнерот може да покаже потреба за разјаснување на нешто што долго стоело во заднина. Младата месечина во Риби носи бран на емотивна инспирација – паровите може да ја обноват блискоста преку заеднички планови или патувања. Слободните Ракови ќе тежнеат кон средби со подлабока смисла; површните познанства нема да бидат доволно инспиративни.
Работа: Можни се помали одложувања или промени во организацијата на работата во првиот дел од неделата, што ќе ви помогне да поставите постабилни темели. Младата месечина носи инспирација за учење, усовршување и ширење на професионалните видици. Влегувањето на Сонцето во Овен ја активира енергијата во областа на кариерата и јавното дејствување.
Здравје: Во првата половина од неделата може да искусите пад на енергијата и желба за повлекување. Младата месечина ќе делува благотворно на вашето ментално здравје. Природата, уметноста или духовните практики ќе ви помогнат да ја вратите рамнотежата.
ЛАВ
Љубов: Почетокот на неделата носи потреба работите во односите да се согледаат подлабоко од вообичаено. Ретроградниот Меркур сè уште влијае на темите за доверба и заеднички ресурси. За паровите, ова е период во кој се бара поголема искреност, дури и кога разговорите не се едноставни. Младата месечина во Риби носи прилика за внатрешна трансформација во доживувањето на блискоста. Слободните Лавови може да почувствуваат привлечност кон личности со силна интуитивна енергија, а средбите може да носат чувство на судбинска поврзаност.
Работа: Можеби ќе ги преиспитувате финансиските договори или распределбата на одговорностите. Младата месечина во Риби носи нов поглед на начинот на кој располагате со ресурсите. Можно е да размислувате за промени во финансиската стратегија или за нови извори на приходи. Кон крајот на неделата, преговорите и планирањето ќе станат многу појасни.
Здравје: Потребна ви е регенерација, особено ако претходниот период ви бил интензивен. Емоционалната напнатост може да се одрази на нивото на енергија. Младата месечина во Риби нуди шанса за длабоко закрепнување преку медитација или креативно изразување.
ДЕВИЦА
Љубов: Ретроградниот Меркур во полето на партнерството може да донесе повторување на старите разговори или потреба за преиспитување на очекувањата. Иако ова може да делува напорно, токму преку овие разговори односите може да добијат постабилна основа. Младата месечина во Риби силно ја осветлува вашата зона на партнерство, носејќи можност за емотивно „ресетирање“. Слободните Девици може да сретнат личност која ќе им разбуди силно чувство на препознавање.
Работа: Во првиот дел од неделата се можни помали доцнења во договорите со соработниците. Младата месечина може да покрене соработка со нови партнери или поефикасна распределба на одговорностите. Крајот на неделата го насочува фокусот кон финансиските прашања и стратешкото планирање, каде што ќе биде потребна сериозна процена на ресурсите.
Здравје: Оваа недела ја нагласува потребата за рамнотежа помеѓу работата и одморот. Младата месечина силно ќе влијае на вашата емоционална состојба. Најдете начин за ментално растеретување преку прошетки во тишина. Директниот Меркур кон крајот на неделата ќе ви помогне да воведете поздрави рутини.
ВАГА
Љубов: Ретроградниот Меркур сè уште влијае на ритамот на секојдневието, па во врските може да се појават разговори за распределба на обврските или за потребите кои биле запоставени. Младата месечина во Риби внесува суптилна и нежна енергија во вашиот емотивен свет. Кај слободните Ваги, привлечноста може да се роди во работното опкружување, каде што односот ќе се развива постепено, преку разговор и разбирање.
Работа: Спориот темпо во првиот дел од неделата ќе ви помогне работата да ја завршите потемелно. Младата месечина во Риби ги нагласува секојдневните навики и начинот на кој управувате со енергијата на работното место. Ова е идеален момент за воведување нови работни навики или за реорганизација на обврските.
Здравје: Благиот пад на енергијата бара повеќе одмор и урамнотежен распоред. На Вагите посебно ќе им пријаат лесни физички активности како прошетки во природа. Влегувањето на Сонцето во Овен ќе ви донесе пораст на виталноста и подобра контрола над личниот ритам.
ШКОРПИЈА
Љубов: Почетокот на неделата носи интензивен емотивен тон, но и потреба работите да се согледаат без идеализација. Ретроградниот Меркур сè уште влијае на вашата зона на љубов, па може да се појават ситуации кои потсетуваат на стари приказни. Младата месечина во Риби носи силен емотивен бран што може да отвори простор за нова фаза на блискост во врските. Слободните Шкорпии ќе почувствуваат нагол пораст на магнетизмот и привлечноста.
Работа: Можеби ќе почувствувате блага фрустрација поради спориот ритам, но токму тој процес ви овозможува да ги забележите важните детали. Младата месечина носи креативна инспирација и интуитивен пристап кон задачите. Крајот на неделата го забрзува темпото, а фокусот се поместува кон организацијата и ефикасноста.
Здравје: Можни се промени во расположението доколку чувствувате дека одредени работи во вашиот живот сè уште не се разјаснети. Младата месечина во Риби носи чувство на емотивно ослободување. Активностите поврзани со уметност и креативност ќе имаат позитивен ефект врз вашето ментално здравје.
СТРЕЛЕЦ
Љубов: Почетокот на неделата носи потреба за внатрешен мир. Ретроградниот Меркур влијае на семејните теми, па во врските може да се отворат разговори за домот и заедничкиот простор. Младата месечина во Риби ја нагласува потребата за топлина и припадност. Паровите ќе сакаат да поминат повеќе време во интимно опкружување, додека слободните Стрелци може да почувствуваат неочекувана носталгија за минатото.
Работа: Рабoтниот ритам бара дополнителна концентрација. Младата месечина го насочува вниманието кон балансот помеѓу приватниот живот и професионалните обврски. Влегувањето на Сонцето во Овен ќе ја активира вашата креативност и желба за нови проекти, а директниот Меркур ќе донесе постабилни деловни разговори.
Здравје: Размислувањето за личните теми може да донесе благ замор. Ќе ви пријаат активности кои носат чувство на сигурност и опуштеност во домот. Кон крајот на неделата, вашата енергија значително ќе порасне, носејќи ви ментална јасност.
ЈАРЕЦ
Љубов: Првата половина од неделата е во знакот на интроспекција. Ретроградниот Меркур ги осветлува старите разговори, па Јарците може да почувствуваат потреба да ги разјаснат недоразбирањата. Младата месечина во Риби на 19 март ја нагласува емотивната чувствителност и потребата за поддршка од партнерот. Иако чувствата се длабоки, тешко ќе се вербализираат до крајот на неделата, кога комуникацијата ќе стане подиректна и постраствена.
Работа: На професионален план, потребно е да се завршат започнатите проекти и да се преиспитаат претходните одлуки. Меркур може да ги забави процесите и да бара дополнителна прецизност во документацијата. Влегувањето на Сонцето во Овен на 20 март носи налет на иницијатива и подготвеност за преземање поактивна улога во проектите.
Здравје: Ова е време кога може да забележите акумулиран стрес. Младата месечина ја нагласува потребата за релаксација. Медитацијата и лесните физички активности ќе ви помогнат да го вратите балансот.
ВОДОЛИЈА
Љубов: Почетокот на неделата носи интроспективна енергија. Ретроградниот Меркур ве потсетува на недовршените разговори од минатото. Младата месечина во Риби на 19 март ја нагласува интуицијата. Ова е период кога чувствата стануваат посуптилни, што олеснува разбирањето на партнерот. Крајот на неделата носи повеќе страст и спонтаност во комуникацијата.
Работа: Можно е враќање на претходни проекти и прецизирање на деталите. Младата месечина носи креативна инспирација и нови идеи, особено во тимските проекти. Сонцето во Овен ја зајакнува вашата мотивација за справување со нови предизвици, додека директниот Меркур го олеснува планирањето на идните чекори.
Здравје: Идеално време за медитација или лесни вежби кои помагаат во зачувување на смиреноста. Младата месечина сугерира одмор преку тихи прошетки или смирувачки ритуали. Со влегувањето на Сонцето во Овен, ќе почувствувате налет на виталност и физичка енергија.
РИБИ
Љубов: Почетокот на неделата ве потсетува на интроспективната природа на емоциите. Ретроградниот Меркур нагласува дека треба да ги разјасните потиснатите чувства. Младата месечина во вашиот знак на 19 март ја засилува вашата интуиција и емпатија, отворајќи простор за подлабоко разбирање на сопствените желби. Крајот на неделата носи енергичен пристап кон љубовта и појасно изразување на чувствата.
Работа: Може да се појават стари задачи кои бараат ревизија. Внимателно проверете ги сите детали за да избегнете грешки. Младата месечина поттикнува креативно размислување, особено во хуманитарните или уметничките проекти. Со почетокот на сезоната на Овен, ќе добиете поттик за одлучност и иницијатива.
Здравје: Првиот дел од неделата бара интроспективен пристап кон здравјето. Јогата или медитацијата ќе ви помогнат да го зачувате емоционалниот баланс. Младата месечина ја зголемува чувствителноста на стрес, па затоа сонот и одморот се од суштинско значење.
Извор: easylife.rs