Венера на 6 август влегува во Вага, носејќи хармонија, романтика и желба за рамноправност, додека Меркур од 9 август во Лав ја прави комуникацијата подиректна и похрабра. Влезот на Марс во Рак на 11 август ја нагласува потребата за емоционална сигурност, а веќе следниот ден, на 12 август, младата Месечина придружена со тотално помрачување на Сонцето во Лав носејќи една од најважните пресвртници во годината.
Вториот дел од месецот носе поинаков ритам. Сонцето и Меркур преминуваат во практичната Девица, префрлувајќи го фокусот врз секојдневието и градењето стабилност, додека делумното помрачување на полната Месечина во Риби на 28 август го затвора емоционалниот циклус и бара ослободување од идеализацијата.
Овен
Август за Овните носе моќен емоционален пресврт. Венера во Вага го става партнерството во прв план, носејќи убави моменти за обновување на блискоста, додека Марс во Рак отвора подлабоки теми за сигурноста и домот. Помрачувањето на Сонцето во Лав на 12 август донесува нов замав во врската или одлука за нов почеток, а за слободните ова е еден од највозбудливите периоди во годината за запознавање со некој нов. Крајот на месецот носе порационална енергија за конкретни договори.
Бик
Како знак кој бара стабилност, овој месец ќе треба да го усогласите копнежот за сигурност со подготвеноста за промени. Вашата владетелка Венера ја обновува романтиката, додека Марс во Рак поттикнува отворени разговори за довербата и идните планирања. Помрачувањето во Лав носе важни одлуки поврзани со домот и семејството. За слободните Бикови, августовските транзити можат да донесат неочекувани познанства преку разговори и кратки патувања, додека помрачувањето во Риби помага да се ослободите од минатото.
Близнаци
Овој месец преминувате од ментално на емоционално доживување на љубовта. Влезот на Марс во Рак бара поголема емоционална присутност и доверба, а помрачувањето на Сонцето во Лав на 12 август донесува моментална пресвртница во комуникацијата зборовите искажани од срце можат да отворат ново поглавје. За слободните Близнаци, првата половина од месецот е исклучително динамична, но помрачувањето на полната Месечина на крајот од август ќе ве потсети да ги одвоите површните флертови од вистинската компатибилност.
Рак
За Раковите, август е еден од емоционално најважните месеци. Марс во вашиот знак ги засилува сите емоции и ви дава храброст да се изборите за она што го сакате, додека Венера во Вага помага разговорите да се одвиваат со повеќе нежност. Ова е идеален период за преземање следни чекори во врската. За слободните Ракови, сопствената харизма и магнетизам растат, а помрачувањето во Лав ја менува свеста за сопствената вредност, помагајќи ви да ги ослободите старите стравови и да престанете да се задоволувате со помалку од она што го заслужувате.
Лав
Ова е еден од клучните моменти во годината за Лавовите. Помрачувањето на Сонцето во вашиот знак на 12 август отвора сосема ново поглавје во начинот на кој се гледате себеси и љубовта. За оние во врска, ова е период за обновување на страста или донесување големи одлуки, а Венера во Вага помага комуникацијата да биде хармонична. Слободните Лавови ќе зрачат со неодолива енергија ова е месец на исклучителни, речиси судбински средби што можат целосно да ја вратат верата во романтиката.
Девица
Наместо да ја анализирате љубовта, овој месец сте поканети просто да ги почувствувате работите. Марс во Рак ја зголемува желбата за дружење и заеднички активности со партнерот, додека помрачувањето во Лав донесува внатрешно ослободување од потребата секогаш да бидете „совршен партнер“. На крајот од месецот, Сонцето и Меркур влегуваат во вашиот знак носејќи јасност и конкретни одлуки. За слободните Девици, љубовта може да дојде преку пријателски круг, а помрачувањето во Риби ќе ги дефинира вашите вистински партнерски желби.
Вага
Враќањето на вашата владетелка Венера во вашиот знак на 6 август го прави овој месец еден од најубавите за љубов. Се засилуваат привлечноста, шармот и потребата за емоционален баланс. Во врските се враќаат романтичните ритуали, но се бара и вистинска рамноправност во давањето и земањето. За слободните Ваги, ова е идеален период за нови познанства кои носат чувство на леснотија и природна поврзаност, додека помрачувањата помагаат да се ослободите од идеализирање на минатото.
Шкорпија
Август за Шкорпиите носе длабоки внатрешни поместувања. Венера во Вага ве повикува на емоционално прочистување и ослободување од старите замери, додека Марс во Рак поттикнува потреба за заеднички патувања и нови искуства. Помрачувањето на Сонцето во Лав на 12 август ги става во фокус приоритетите во кариерата и приватниот живот, барајќи поддршка од партнерот. За слободните, можно е враќање на сеќавањата од минатото, но и нови средби преку патувања и образование кои носат вистинска партнерска длабочина.
Стрелец
Стрелците овој месец бараат одговор на прашањето дали љубовта го поттикнува нивниот развој. Венера во Вага го враќа пријателството и забавата во врската, но Марс во Рак отвора посериозни теми поврзани со довербата и финансиите. Помрачувањето на Сонцето на 12 август носи промена во заедничките планови и патувања. За слободните Стрелци, августовските транзити донесуваат силен потенцијал за познанства со луѓе од поинакви средини и култури, додека помрачувањето во Риби на 28 август дефинитивно затвора едно старо емоционално поглавје.
Јарец
Јарците влегуваат во период на силно емоционално созревање. Марс во Рак ја активира партнерската оска, носејќи страст, но и потреба за поголема емоционална присутност. Помрачувањето во Лав носи искрени разговори за интимата и ослободување од потребата за контрола. За слободните Јарци, Венера во Вага и Марс во Рак отвораат можности за значајни средби во деловното или јавното опкружување со личности кои зрачат со зрелост и сигурност. Крајот на месецот помага да се отпуштат неискажаните зборови и старите сомнежи.
Водолија
Ова е период на важни преиспитувања околу балансот меѓу независноста и емоционалната блискост. Помрачувањето на Сонцето во Лав на 12 август директно ги осветлува партнерските односи, донесувајќи нова фаза во врската или искрени разговори за разликите. Слободните Водолии можат да доживеат ненадејна и речиси судбинска средба со личност која остава силен впечаток. Венера во Вага поттикнува познанства преку патувања и интернет, а помрачувањето во Риби на крајот од месецот помага да се ослободите од уверувањето дека емоционалната поврзаност ја загрозува слободата.
Риби
За Рибите, август е еден од најинтензивните месеци, а завршницата ја одбележува делумното помрачување на полната Месечина во нивниот знак на 28 август. Марс во Рак донесува романтика, страст и радост во врските, додека влезот на Сонцето и Меркур во Девица на крајот од месецот бара практично дефинирање на односите. За слободните Риби, ова е време на моќен магнетизам и средби кои носат чувство на длабока поврзаност. Помрачувањето во сопствениот знак претставува голем момент на ослободување од илузиите, чекањето и залудните спасувачки улоги.
Извор: wannabemagazine.rs