Што значи годината на Огнениот Коњ во кинескиот хороскоп за бебињата родени во 2026 година

Кинеската Нова година, позната и како лунарна Нова година и пролетен фестивал, оваа година паѓа на 17 февруари. Тоа е ден на млада Месечина, но и на соларна еклипса, важни за западниот хороскоп. Кинескиот хороскоп, меѓутоа, го следи лунарниот календар, а кинеските хороскопски знаци не се врзани за месеците, туку за годините на раѓање. Исто така ги има 12, спарени со еден од петте елементи: метал, дрво, вода, оган или земја.

ognen-konj-5372-fi

Извор: Freepik

Според кинескиот хороскоп, 2026 е година на Огнениот Коњ.

Ако сте само љубопитни еве што значи годината на Огнениот Коњ во фасцинантниот свет на кинескиот зодијак. А ако очекувате бебе, ќе најдете насоки за развивање соодветен стил на родителство.

Кинески хороскопски знаци според годината на раѓање

Кинеските хороскопски знаци се симболи на животни кои претставуваат дванаесетгодишен циклус. Се верува дека секое животно дава различни карактеристики и енергии на лицата родени во неговата година. Од енергичниот Стаорец до мудриот Бивол, секој знак носи свој збир на квалитети.

Куче

Години на Кучето: 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006 и 2018.

Карактеристики: лојалност, заштитнички став, искреност, доверливост.

Свиња

Години на Свињата: 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007 и 2019.

Симболизира: сочувствителност, марливост, дарежливост, искреност, задоволство.

Стаорец

Години на раѓање: 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008 и 2020.

Особини: снаодливост, прилагодливост, интелигенција, шарм.

Бивол

Години на Биволот: 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009 и 2021.

Симболизира: напорна работа, сила, доверливост, марливост.

Тигар

Години на раѓање: 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010 и 2022.

Карактеристики: храбар, самосвесен, натпреварувачки настроен, страствен.

Зајак

Години на раѓање: 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011 и 2023.

Карактеристики: нежен, тивок, елегантен, љубезен, чувствителен.

Змеј

Години на Змејот: 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012 и 2024.

Особини: амбициозност, харизматичност, иновативност, симбол на моќ и успех.

Змија

Години на раѓање: 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013 и 2025.

Карактеристики: мудра, интуитивна, грациозна, интелигентна, мистериозна.

Коњ

Години на Коњот: 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014 и 2026.

Карактеристики: енергичност, слободен дух, авантуризам, истрајност, виталност.

Коза

Години на раѓање: 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003 и 2015.

Симболизира: нежност, љубезност, сочувство, хармонија, уметнички сензибилитет.

Мајмун

Години на Мајмунот: 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004 и 2016.

Особини: интелигенција, духовитост, разиграност, досетливост, снаодливост.

Петел

Години на Петелот: 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005 и 2017.

Карактеристики: точен, вреден, самосвесен, лојален.

Годината на Коњот меѓу кинеските хороскопски знаци

Последен пат прославена во 2014 година, годината на Коњот симболизира виталност, брзина и истрајност. 2026 година на Огнениот Коњ се смета и за време на оптимизам и можности. Во кинеската култура Коњот се поврзува со успех и среќа тој претставува брзо и мазно постигнување на успехот.

Бебиња родени во годината на Коњот

Децата родени во годината на Коњот можат да покажат карактеристики на енергичност, независност, слобода на духот и харизма. Исто така, можат да бидат и многу тврдоглави.

Кога ги набљудувате особините на Огнениот Коњ, можете да забележите сличности со огнените знаци – Стрелец и Овен. Сепак, карактеристиките на кинескиот и западниот хороскоп претставуваат само „нацрт“. Окружувањето, воспитувањето и личните избори на крајот го обликуваат патувањето на поединецот.

Бебињата родени оваа година се во добро друштво. Томас Едисон, Арета Френклин, Пол Макартни, Џери Сајнфелд, Џеки Чен, Ашер, Џенифер Лоренс и Грета Тунберг се исто така родени во година на коњ. Хали Бери и Адам Сендлер се родени во 1966, која беше година на огнен коњ.

Кинески хороскопски знаци кои најдобро се согласуваат со Коњот

Родител Тигар – природен сојузник

  • Тигарот интуитивно ја разбира потребата за слобода и авантура. Овој родител нема да се обидува да го „скрши“ темпераментот на Огнениот Коњ, туку ќе го насочува преку предизвици, спорт и креативност.
  • Ова е динамична релација – полна со меѓусебно почитување. Тигарот знае дека силните деца не треба да се скротат, туку да се научат на одговорност преку искуство.

Родител Куче – стабилна потпора

  • Кучето е праведно, доследно и заштитнички настроено. Тоа дава јасни граници, но без ригидност. Коњот чувствува сигурност покрај родител кој е искрен.
  • Кучето нема да го гаси огнот на детето, туку ќе го учи на лојалност и емпатија.

Родител Коза – емотивна поддршка

  • Козата носи разбирање, нежност и креативен простор. Со ваков родител, Коњот може да ја развие својата уметничка страна и емоционална длабочина.
  • Овој однос е многу топол, но бара баланс и граници за детето да не стане премногу самоволно.

Кинески хороскопски знаци кои мора да се прилагодат

  • Родител Бивол: Биволот сака ред и дисциплина, додека Коњот сака спонтаност. Ако Биволот спроведува строга контрола, ќе дојде до силни судири.
  • Родител Стаорец: Стаорецот планира и контролира, а Коњот реагира инстинктивно. Ова може да биде напет однос, особено во адолесценцијата.

Клучот за родителство на децата родени во годината на Огнениот Коњ

На ова дете му се потребни:

  • простор за самостојност
  • физичка активност
  • предизвици
  • родители кои ја почитуваат неговата индивидуалност

Ако очекувате бебе оваа година, знајте дека тоа нема да биде тивко, послушно и лесно за насочување битие. Тоа е дете со силна волја, огромна енергија и изразен опсег на лична слобода. Ако се ограничува, се буни. А кога ќе го разберете, може спектакуларно да процвета.

Извор: easylife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.