Метју Меконахи го заштити славното „Alright, alright, alright!“ од злоупотреба со вештачка интелигенција

Адвокатите на Метју Меконахи порачуваат дека користењето вештачка интелигенција за имитирање на славната реченица на овој актер не е баш „alright, alright, alright“. Правниот тим на адвокатската канцеларија за забавно право Yorn Levine, која го застапува Меконахи, обезбедил во текот на последните неколку месеци осум заштитни знаци во Американскиот завод за патенти и жигови (USPTO). Како што наведуваат, целта на овие регистрации е заштита на гласот и ликот на актерот од неовластена употреба со помош на AI технологија.

zastita-5211-fi

Извор: Unsplash/Ethan Rougon

Меѓу регистрираните жигови се наоѓа и звучен заштитен знак што се однесува на аудио-снимка на Меконахи како изговара „Alright, alright, alright!“ славната реплика од филмот Dazed and Confused (1993), која е нераскинливо поврзана со неговиот имиџ. Другите заштитни знаци вклучуваат: видео-снимка од седум секунди на која стои на трем, клип во кој седи пред елка, како и аудио-снимка на која вели: „Just keep livin’, right?“.

Жиг за славната изјава

„Жигот се состои од маж кој изговара ‘ALRIGHT ALRIGHT ALRIGHT’, при што првиот слог на првите два пати изговорени зборови е со пониска интонација од вториот слог, додека првиот слог на третиот збор е со повисока интонација од вториот слог.“

Адвокатите барањето за регистрација на овој жиг го поднеле во декември 2023 година, а USPTO ја одобрил заштитата во декември 2025.

Иако законите за право на публицитет во американските сојузни држави веќе ги штитат актерите и другите познати личности од неовластена употреба на нивниот лик или имиџ во комерцијални цели, правниот тим на Yorn Levine се одлучил за оваа, како што велат, нова стратегија на заштита преку жиг. На тој начин Меконахи добива основа, доколку биде потребно, да покрене постапка пред федералните судови во САД. Исто така, сметаат дека овие жигови можат да делуваат превентивно и против поширока „злоупотреба“, вклучително и AI видео-содржини што немаат директна продажна цел.

„Не знаеме што ќе каже судот на крај. Но мораме барем да ја тестираме оваа можност“, изјави Кевин Јорн, партнер и коосновач на канцеларијата Yorn Levine. Освен Меконахи, оваа канцеларија застапува и други големи холивудски ѕвезди, вклучително Зои Салданја и Скарлет Јохансон, две актерки со најголема вкупна заработка на кино-благајните во историјата.

Џонатан Полак, адвокат–соработник во Yorn Levine, додава дека во свет во кој сите се обидуваат да сфатат како да се изборат со злоупотребата на вештачката интелигенција, сега имаат алат што ни овозможува некого веднаш да го запреме или да го изведеме пред федерален суд.

Адвокатите наведуваат и дека овие заштитни знаци му даваат на Меконахи основа легално да развива нови можности што ги нуди AI технологијата. Актерот неодамна најави соработка со компанијата ElevenLabs, специјализирана за AI гласови, за да креира шпанска верзија на својот newsletter Lyrics of Livin’, користејќи дигитална реплика на својот глас. Меконахи е инвеститор во ElevenLabs, како и Кевин Јорн, преку фондот за ризичен капитал BroadLight Capital, чиј коосновач и партнер е.

Сите осум заштитни знаци се регистрирани на компанијата J.K. Livin Brands Inc., со седиште во Шерман Оукс, Калифорнија, која е матична фирма на модниот бренд на Меконахи Just Keep Livin.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.