Познат по иновативни решенија уште од филмот 28 Days Later, кога користел дигитални камери наместо тогаш стандардниот филм, Danny Boyle сега направил нов чекор. Наместо класична професионална опрема, Boyle се одлучил да снима клучни сцени од продолжението – 28 Years Later – со помош на iPhone 15 Pro Max уреди. Што повеќе, не е користен само еден телефон, туку специјално конструиран rig со 20 синхронизирани iPhone-и, со што се создадени сложени ефекти, како што се познатите кадри на „bullet time“, кои ја одбележуваат франшизата Matrix.
„Сакавме да ја задржиме сировата, уличната естетика, но да го постигнеме тоа на нов начин“, изјави Boyle за повеќе медиуми, објаснувајќи дека преносливоста на iPhone-ите му овозможила да снима на недостапни локации без голема логистичка поддршка.
Технолошки гледано, iPhone 15 Pro Max се покажа како моќен алат, благодарение на можноста за снимање во 4K резолуција при 60fps, ProRes видео форматот и додатната опрема која овозможува рачна контрола на експозицијата, фокусот и боите. Клучно е што филмот е снимен така што не изгледа како да е сниман со мобилен телефон, туку се користи неговата флексибилност за да се постигне специфичен визуелен идентитет, објави порталот TechCrunch.
Boyle-овиот експеримент исто така отвора прашања за демократизацијата на филмската индустрија – ако iPhone-ите сега се доволно квалитетни да ги задоволат критериумите на холивудската продукција, тоа значи дека независни автори низ светот можат да имаат пристап до врвни техники без милионски буџети.
Иако филмот ќе помине низ стандардната постпродукција, фактото што клучни сцени можат да се снимаат „од џеб“ сведочи за брзината со која се менува филмската технологија. Овој потег на Danny Boyle не претставува само стилски избор, туку и јасен сигнал дека границите помеѓу професионалната и мобилната технологија сè повеќе се бришат.
Извор: web-mid.rs