Добредојде во шопинг диктатурата на TikTok

Aко до неодамна TikTok го поврзувавме исклучиво со забавни видеа, предизвици и вирални трендови, 2025 година носи сосема поинаква слика. Платформата сега е еден од клучните играчи во е-трговијата, особено во индустријата за убавина. TikTok веќе е рангиран како четвртиот најголем продавач на козметика во Обединетото Кралство, веднаш зад Amazon, Boots и LookFantastic.

shoping-3619-fi

Извор: Freepik

Денес на TikTok се продава по еден козметички производ во секунда. Тоа доволно зборува за тоа како оваа забавна платформа воведе и нова димензија која овозможи да се претвори и во вистинска шопинг машина. Она што го издвојува TikTok во светот на е-трговијата е концептот на “discovery commerce”  каде што производите те наоѓаат тебе, преку кратки и впечатливи видеа, демонстрации во живо и директна можност за купување.

Интересно е што токму помалите, независни брендови најбрзо го препознаа потенцијалот на TikTok благодарение на алгоритамот кој нуди содржини врз основа на интереси, а не по број на следбеници. Сега овие брендови имаат еднаква шанса да станат вирални како и големите корпорации. Во некои случаи, токму TikTok видеата доведоа до толкава продажба што брендовите отворија физички продавници со што им се зголеми ритамот за раст.

Што претставува ова  за маркетерите?

Покрај ТikTok тука се и другите социјални мрежи како Instagram и Facebook кои го следат овој тренд и интегрираат се повеќе шопинг функции, претворајќи ги апликациите во еден вид „онлајн молови“. За маркетерите, ова значи дека присуството на социјалните мрежи веќе не е само за градење видливост, туку и за реална и мерлива продажба. Тука во игра влегуваат live shopping настани, affiliate програми и соработка со микровлијателни инфлуенсери, кои преку автентични препораки и демонстрации поттикнуваат директно купување.

Но TikTok оди и чекор подалеку: започна да експериментира со ВИ генерација на содржини за продавници, како и автоматизирани инфлуенсер маркетинг платформи кои ги спојуваат брендовите со креатори врз база на податоци. Ова не само што го олеснува процесот, туку и го прави попаметен и попрецизен.

Во свет каде што вниманието трае неколку секунди, TikTok покажа дека не само што знае да го фати вистинскиот момент, туку и да наплати за него. На брендовите им стана јасно дека доколку сакаат да останат релевантни, TikTok повеќе не е опција  туку неопходност.

Извор: WebMind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.