Во астрологијата, одредени датуми носат потенцијал за започнување, ослободување или пренасочување на енергијата, правејќи ги моќни точки за свесна работа со желбите во што кристалите можат да ви бидат од помош. Тогаш не се бара брз резултат, туку јасност: што навистина сакате, зошто го сакате тоа и дали сте подготвени да го примите она што го повикувате. Манифестирањето е дијалог меѓу внатрешната вистина и космичкиот тек, а вистинските космички моменти повикуваат на посветеност и усогласеност со себе.
Најдобрите датуми за манифестирање во 2026 година ги вклучуваат младите Месечини, моќните стелиуми и поволните тригони. Секој од четирите клучни датуми има специфична вибрација и претставува космички портал за намери кои се достижни.
Клучни датуми за манифестирање во 2026 година
Стелиум и млад Месец во Риби на 19 март
Младата Месечина која носи нови почетоци, заедно со Сонцето, Меркур и Марс, ќе биде во сонливите и интуитивни Риби, создавајќи услови длабоко да нурнете во светот на потсвеста. Оваа планетарна конфигурација поддржува ослушнување на себе и пронаоѓање на вистинската вибрација, сега на желбата не ѝ е потребна прецизна артикулација за да биде реална. Преку овој космички портал, манифестирањето помалку се однесува на јасност, а повеќе на омекнување.
- Удобно сместете се при пригушено светло нека една свеќа ја осветлува просторијата.
- Ставете сад со вода пред себе.
- Напишете што сакате, свиткајте го листот и потопете го во водата.
- Потоа прошепотете: „Се ослободувам од потребата да контролирам нешто што веќе знае како да ме пронајде.“
- Оставете свеќата природно да догори.
- Не брзајте со толкување на она што ќе следи.
Космички портал на 17 април: Стелиум и млад Месец во Овен
Додека вибрацијата на Рибите се однесува на растворање и омекнување, Овенот прогласува и поттикнува акција. На овој датум Сонцето, Месецот, Меркур, Марс, Сатурн и Нептун сите ќе бидат во Овен.
Оваа млада Месечина е како палење кибрит. Не го романтизира двоумењето, туку го наградува движењето. Не станува збор за тоа можноста да се отвори дури кога работите се сигурни, безбедни или одобрени. Ова е манифестирање преку акција и избор преку храбро и самоуверено прогласување дека нешто ви припаѓа, уште пред другите да се согласат.
На денот на стелиумот и младата Месечина во Овен, можете, на пример, да започнете петдневна техника за манифестирање: 555 метод за манифестирање желби се практикува 5 дена, а потребни ви се само пенкало и хартија.
Датуми за манифестирање 20 јули: Јупитер во Лав, тригон со Нептун во Овен
Кога Јупитер, планетата позната како „талисман за среќа“, ќе се сретне со Нептун, духовниот гуру, тие ве поттикнуваат да имате вера. Оваа вибрација е усогласена со манифестирање преку присутност и подготвеност да бидете видени како некој што веќе го има она што го посакува.
Јупитер шири сè до што ќе се допре, а Нептун ги раствора границите меѓу замисленото и реалното. Кога се движат во хармонија, линијата меѓу визијата и реалноста станува порозна речиси како сон. Можеби ќе забележите дека чувството за можност се шири надвор од старите граници.
Млад Месец во Стрелец, голем тригон меѓу Јупитер во Лав и Сатурн во Овен – 8 декември
Стрелецот често бара смисла. Не сака успех само поради успех потребно е тој да одекнува длабоко во срцето. Во астрологијата, големиот тригон е енергетски триаголник што тече меѓу три точки во ист елемент. Кога тој елемент е огнот (Стрелец, Лав, Овен), струјата што се движи меѓу нив е инстинктивна и експресивна.
Во суштина, огнот чувствува пред да размислува, па нема да имате сомнеж во она што велите дека го сакате. Дополнително, оваа млада Месечина ѝ носи зрелост на манифестацијата и вашите соништа од сферата на фантазијата „се спуштаат“ на ниво на длабоко усогласување. Под оваа космичка енергија, вашето идно јас бара да се запрашате за што сте подготвени да живеете и да дадете сè од себе. Манифестацијата бара посветеност кон она што ве проширува и ве развива.
Извор: easylife.rs