Токму затоа, Represent академијата подготви едно целосно ново искуство, Лидерски триатлон.
Ова не е уште една корпоративна обука. Нема да седите во сала пред PowerPoint презентација. Нема да учите за лидерството од книга. Наместо тоа ќе излезете надвор.
Во природа, надвор од секојдневниот контекст каде титулите исчезнуваат а остануваат луѓето и дружењето.. Тогаш стануваат видливи вашите вистински вештини: снаодливост, отпорност, доверба, и во другите, и во себе. Во непредвидливи ситуации, откривате колку сте навистина подготвени да водите. И колку сте подготвени да учите.
Лидерскиот триатлон е тридневна обука која комбинира физички предизвици, работа на себеси и тимска динамика. Наменета е за оние што сакаат да растат, не само како професионалци, туку и како луѓе. За оние што знаат дека автентичноста не се гради во зона на удобност. За оние што сакаат да бидат лидери кои инспирираат не преку контрола, туку преку присуство. Кои се водат од својот личен пример.
Три дена, три предизвици
Во текот на трите дена ќе се соочите со три клучни предизвици:
-Планинарење, кое бара издржливост, поставување јасна цел и стратегија,
-Кајакарство, кое ве учи на ритам, соработка и присутност,
-Возење на електричен велосипед кој симболизира рамнотежа помеѓу контрола и препуштање.
Ќе има моменти кога ќе мислите дека не можете понатаму. И моменти кога ќе сфатите дека сте далеку посилни од тоа што сте мислеле. Во тој простор помеѓу познатото и непознатото, токму таму се случува вистинскиот развој.
Ако чувствувате дека е време за промена, ако сакате да го разбудите оној дел од себе што не излегува на виделина во секојдневната рутина, лидерскиот триатлон нека биде вашата следна станица.
Затоа, оставете го лаптопот. Спакувајте ги патиките. И тргнете кон нешто што може да го промени не само вашиот начин на лидерство туку и начинот на кој се гледате себеси до целта.
За повеќе информации кликнете на следниот линк.
Извор: Bizlife.rs