Прекрасните полускапоцени камења се дивен декоративен елемент во вашиот дом или накит кој можете да го најдете во бројни облици. Изберете ја оваа пролет некои од најдобрите кристали за обнова на енергијата и трансформација. Без оглед на тоа дали сакате да ја активирате романтиката или барате рамнотежа, еве како да ги користите.
Најделотворните и најубавите кристали за пролетна обнова
Зелен авантурин
Зелениот авантурин симболизира нови почетоци и ја претставува раната фаза на пролетта, кога енергијата тече природно и без напор. Тоа е камен поврзан со природниот раст и промените, идеален за поттикнување нови намери и нови проекти. Совршен е за секој кој е подготвен да преземе акција и конечно да оживее една од своите многубројни идеи. Неговото енергетско ослободување е нежно, но константно, што го прави одличен придружник за почетниците кои го истражуваат светот на кристалите.
- Како да го користите: Носете го како нараквица на левиот зглоб за да ја апсорбирате неговата енергија, наместо да ја проектирате кон надвор. Алтернативно, чувајте го во торбата, но така што ќе ви биде достапен и често допирајте го. Внимавајте да не стои затрупан со куп стари сметки и полупотрошена козметика.
Малахит
Малахитот е вистински камен на пролетната трансформација. Неговото влијание исфрла сè непотребно на површина, за да можете конечно да се ослободите од тоа. Тоа е кристал на длабока промена, често поврзан со препознавање на повторувачките обрасци во вашиот живот. Се користи за внатрешно енергетско чистење. Ако одгледувате растенија, ќе ви биде блиска споредбата со „енергетско поткастрување“. Тоа е како кастрење гранки (лоза, рози) за да се поттикне поздрав и посилен раст, односно подлабок личен развој.
- Како да го користите: Носете го како приврзок или брош близу до соларниот плексус (не премногу близу до срцето). Бидете внимателни – малахитот е чувствителен на вода и киселини, па треба да се извади пред туширање и да се држи подалеку од парфеми. Бидејќи апсорбира голема количина енергија, треба редовно да се чисти, идеално под полна Месечина или со чад од бела жалфија.
Розов кварц за отворање на срцето
Розевиот кварц претставува повторно отворање на срцето по ладниот и пуст период на зимата. Неговата енергија е мека и бавно се ослободува, поттикнувајќи ги луѓето повторно да се поврзат со своите чувства и да се отворат кон другите. Во пролет повеќе од кога било чувствуваме желба за романтика, а истовремено знаеме дека љубовта не може да се избрзува.
- Како да го користите: Најдобро е да го носете на ланче, што поблиску до срцето. Ако не ви се вклопува во стилот како накит, чувајте го на ноќната масичка. Важно е да биде последното нешто што ќе го видите пред да заспиете и првото наутро. Традицијата исто така предлага да го ставите во градникот ако барате директен романтичен пристап.
Родонит
Родонитот е камен кој создава рамнотежа помеѓу ранливоста и стабилноста. Помага во интеграцијата на сè што повторно ќе се појави за време на емоционалната отвореност – не само во љубовта, туку и низ нови искуства. Ја зајакнува емоционалната пролетна трансформација и поттикнува јасност. Помага да ги избегнете честите дилеми, промените на мислењето и преплавеноста со претерано размислување.
- Како да го користите: Носете го на зглобот, десниот или левиот, во зависност од тоа дали сакате да проектирате стабилност кон надвор или да ја интегрирате. Исто така, добро функционира како средство за заземјување кое го носите во џеб и можете да го држите кога се чувствувате изгубено или несигурно. Овој кристал на природен начин ги ублажува стресот и анксиозноста.
Месечев камен
Тесно поврзан со природните циклуси и премини, месечевиот камен ја одразува постојано менливата природа на пролетта. Не форсира акција, туку нежно ги следи промените помеѓу различните внатрешни фази. Симболизира прилагодливост внатре во хаосот, што го прави идеален за моменти на неизвесност и транзиција.
- Како да го користите: Пожелно е да го носите на прстен и тоа на недоминантната рака. Неговиот специфичен одсјај се менува во зависност од тоа како се врти каменот, како да бара да биде забележан и признат. Наполнете го со изложување на светлината на полна Месечина.
Цитрин
Цитринот ја отелотворува најсветлата и најактивната страна на пролетта, моментот кога енергијата се трансформира во движење и акција. Се поврзува со виталноста, креативноста и отворањето кон светот и неговите можности. Носи јасност и правец, помагајќи му на оној кој го носи да тргне напред без претерано сомневање.
- Како да го користите: Носете го на десниот зглоб за енергијата да се насочи кон надвор. Цитринот е еден од ретките кристали кои не бараат енергетско полнење, па нема сложени ритуали. Можете да го држите и на бирото како украс, бидејќи физичкиот контакт не е неопходен за неговата енергија да биде ефикасна.
Мовен ахат за хармонија со природата
Мовниот ахат е еден од кристалите најдлабоко поврзани со природата, отелотворувајќи го растот на растенијата и органскиот ритам на природниот свет. Неговата енергија го следи темпото на природата, што го прави совршен за оние кои претпочитаат да не брзаат и не сакаат ненадејни промени.
- Како да го користите: Носете го директно до кожата што е можно подолго, било како нараквица, ѓердан или друг накит. Тоа е бавно делувачки кристал на кој му е потребно време за целосно да ја изрази својата енергија. Се полни со природна енергија на Земјата, во близина на растенија (собни или во градина).
Извор: easylife.rs