Како секој хороскопски знак дава отказ: Водич низ (не)драматичните заминувања од работа

Да се даде отказ е секогаш стресен чекор, но начинот на кој тоа го правиме често открива повеќе за нас отколку што мислиме. Додека некои сè планираат до најситен детаљ, други едноставно стануваат и велат: „Јас завршив“. А ако верувате во астрологијата, можеби многу нешта ви се веќе запишани во ѕвездите.

otkaz-3901-mk

Извор: Freepik

Во овој забавен астролошки водич откриваме како секој хороскопски знак се однесува кога ќе одлучи да ја напушти работата, од емотивните ракови, преку строго професионалните јарци, до импулсивните овни. Ќе се препознаете ли?

Овен

„Давам отказ. Веднаш. Сега. Не, не останувам уште две недели.“

Импулсивен, без многу размислување само станува и заминува. На шефот веројатно ќе му каже дека не е достоен за својата функција.

Бик

„Размислував… шест месеци. Еве го мојот отказ. Ќе останам уште три месеци за да не ве оставам на цедило.“

Споро донесува одлуки, но кога ќе одлучи – нема враќање. Сè е во мир и со достоинство.

Близнаци

„Еј, знаеш што, можеби давам отказ… или не. Мада… сепак да!“

Најверојатно ќе го промени мислењето неколкупати пред конечно да замине. Можеби ќе го објави отказот на Инстаграм пред да го извести шефот.

Рак

„Ова ми беше како семејство, тешко ми е… но морам да одам. Ќе ви се јавувам да видам како сте.“

Емотивен и носталгичен, можно е и со солзи. Веројатно ќе донесе колачи за збогување.

Лав

„Ова веќе не е работа достојна за мојот потенцијал.“

Дава отказ со стил можеби дури и со говор. Заминувањето го доживува како гала-настан.

Девица

„Во прилог е мојот отказен рок, детален извештај за работата, и водич за мојот наследник.“

Сè совршено испланирано. На шефот му праќа емаил со список на сработеното пред заминување.

Вага

„Размислувам за отказ… но не сакам да ве ставам во непријатна ситуација. Можеме да разговараме?“

Неодлучна, сака сите да бидат задоволни. Ќе се обиде отказот да изгледа како „заедничка одлука“.

Шкорпија

„Давам отказ. Причините се лични.“

Мистериозна и директна. Не остава траги, но ќе ги памети сите неправди засекогаш.

Стрелец

„Патувам за Перу. Не се враќам. Ми беше убаво!“

Го сака слободниот дух, постојано е во движење. Можеби ќе остави порака преку WhatsApp од друга временска зона.

Јарец

„Врз основа на лична проценка и идни цели, донесов одлука да го прекинам работниот однос.“

Професионален до крај. Веќе има подготвен следен чекор и никогаш не изгледа изгубено.

Водолија

„Мислам дека тука веќе не можам да го менувам светот. Одам да работам нешто револуционерно.“

Оставка од принцип. Најверојатно ќе даде отказ бидејќи „фирмата не е доволно иновативна“.

Риби

„Извини, едноставно повеќе не се пронаоѓам тука. Ова ме гуши…“

Емотивно, можеби преку песна или уметнички нацртан емаил. Веројатно ќе се прости со сите поединечно.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.