Херои на четири шепи: Кучиња побегнале од кланица и заедно поминале 17 километри до дома

Светот го обиколи неверојатна приказна од Кина која звучи како сценарио за трогателен филм, но е целосно вистинита. Седум украдени миленици, кои биле наменети за продажба во продавница за кучешко месо, успеале да побегнат и заедно да тргнат на пат долг 17 километри, директно назад кон своите домови.

kucinja-5399-fi

Извор: YouTube/Screenshot

Снимките од оваа „дружина“ станаа вирални, собирајќи повеќе од 230 милиони прегледи. На нив се гледа група кучиња од различни раси, од златен ретривер и лабрадор, до корги и пекинезер како во формација, како вистинска воена единица, чекорат по прометен автопат во провинцијата Џилин.

„Браќа по несреќа“ на четири шепи

Оно што најмногу ги погоди луѓето ширум светот е нивната организација. Сведоците велат дека кучињата не се однесувале како скитници, туку како „браќа по несреќа“.

  • Германскиот овчар, кој бил повреден, се наоѓал во самиот центар на групата, додека останатите го опкружувале и го чувале додека се движеле кон своето село.
  • Коргито било на чело, постојано вртејќи се за да провери дали сите се на број.
  • Златниот ретривер се поставил најблиску до сообраќајот, штитејќи ги со своето тело останатите од автомобилите.

„Изгледаа како мала чета војници. Ништо не можеше да ги попречи, ги игнорираа повиците на минувачите, фокусирани само на една цел враќање кај семејствата“, раскажува еден од очевидците.

Бегство од суровата судбина

Се претпоставува дека кучињата биле украдени од три различни домаќинства во истото село и биле затворени во камион пред продавница за месо. Иако никој не го видел самиот момент на бегството, се верува дека го искористиле моментот на невнимание на крадците. Поминале три дена на пат, лутајќи низ полиња и преку автопати, додека волонтери со дронови не ги лоцирале и не им помогнале безбедно да стигнат до своите сопственици.

На 19 март беше потврдено дека сите кучиња се вратиле во своите домови. „Имавме толку среќа што се вратија живи, а не завршија на нечија чинија“, вели еден од сопствениците.

Порака која го обиколи светот

Оваа приказна повторно ја разгоре дебатата за правата на животните во Кина, каде консумацијата на кучешко месо, иако е во опаѓање, сè уште постои во некои северни делови на земјата. Сепак, реакцијата на милиони луѓе покажува дека свеста се менува.

Еден од најчитаните коментари на мрежите најдобро го сумира овој подвиг: „Кучињата покажаа неверојатна лојалност кон своите сопатници; луѓето кои им нанесуваат зло покажуваат многу помалку хуманост отколку овие херои на четири шепи.“

Оваа седморка нè потсети на тоа што значи да се биде тим, што значи да не оставаш никого зад себе и дека љубовта кон домот е најсилниот компас.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.