Нови бои на европските улици: Градовите воведуваат осветлување прилагодено на природата

Промената на бојата на уличното осветлување е дел од поширока стратегија за намалување на ефектите од светлосното загадување, особено кога станува збор за ноќните животни. Во Копенхаген, урбаното улично осветлување една од главните сообраќајници е црвена, а не бела.

osvetluvanje-5355-fi

Извор: Unsplash/Getty Images

Оваа промена е дел од програмата која има за цел да ги ублажи негативните последици од светлосното загадување, особено врз ноќните животни. Истражувањата покажуваат дека белата светлина ноќе го нарушува однесувањето на лилјаците, додека црвената има минимално влијание, речиси исто како целосен мрак.

Европските градови воведуваат „bat‑friendly“ црвено осветлување

Во Гладсаксе (Данска) е во тек проект на AFRY Architects кој има за цел да го усогласи урбаниот развој со заштитата на природата. Долж еден главен пат и велосипедска супер-рута се поставени црвени LED светилки за да се намали влијанието врз колонијата лилјаци која живее во близина, пренесува Euronews.

Триесет ниски столбови, високи околу еден метар, се распоредени на доволна оддалеченост за лилјаците кои избегнуваат светлина да можат безбедно да го преминат подрачјето, без нарушување на движењето на возилата и велосипедистите.

Слични решенија веќе се применуваат во други делови од Европа. Во 2018 година, холандскиот град Zuidhoek Nieuwkoop стана првиот град во светот што воведе црвена расвета прилагодена за заштита на фауната. Во 2019 година, Велика Британија го доби својот прв „премин за лилјаци“, 60 метри црвено осветлување долж автопатот A4440 во близина на резерватот Warndon Woodlands во Вустер.

Црвената светлина нема негативно влијание врз активноста на лилјаците

Во 2017 година, научници за првпат прецизно ги измерија ефектите од различни светлосни спектри врз повеќе видови лилјаци. Истражувањето на Холандскиот институт за екологија траело пет години на осум локации покрај шумски рабови.

Резултатите биле јасни:

„Лилјаците се еднакво активни под црвена светлина како и во мрак,“ изјави главниот истражувач Камил Спулстра. Белата и зелената светлина, пак, значително ја намалуваат нивната активност.

Причината е што лилјаците ловат ноќе, кога има помалку конкуренција и помал ризик од предатори. Белата светлина го нарушува овој природен ритам и може да ги изложи на опасност. Најпогодени се видовите чувствителни на светлина, како Natterer-овиот лилјак и кафеавиот долгоув лилјак.

Побрзите видови, како пипистрелите, дури и имаат корист: инсектите се собираат околу светилките, што им го олеснува ловот. Поголемите видови, како серотинскиот лилјак, летаат доволно високо за да не бидат погодени.

Црвеното осветлување како практично решение за заштита на животната средина

Овие резултати се особено охрабрувачки бидејќи експериментите со црвена светлина се покажуваат како ефикасни и во реални услови. „Целосно е погодна за употреба на селски патишта“, изјави Спулстра. „Ова отвора можности за ограничување на нарушувањата што ги предизвикува вештачкото осветлување во природните подрачја, во ситуации каде осветлување сепак е неопходно.“

LED светилките исто така ја намалуваат потрошувачката на енергија и бараат помалку одржување.

Извор: odrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.