Лилит барала да има еднакви права како Адам и поради тоа била отфрлена. Во астрологијата, Лилит се смета за втор мрачен сателит на Земјата, кој кружи многу подалеку од Месечината. Можете да ја замислите како невидлива Месечина, поради што ја нарекуваат и Црна Месечина.
Лилит ги претставува потиснатите емоции што ретко ги покажуваме и за кои често не сме свесни. Во наталната астрологија е многу значајна, бидејќи нејзината положба зборува за најдлабоко скриените делови од вашата потсвест.
Каде се наоѓа вашата Лилит?
Ако не ја знаете нејзината позиција во вашата натална карта, можете лесно да ја пресметате преку следниот линк.
Лилит во Овен
Ова се личности кај кои силнната гордост и изразениот сексапил често стојат на патот на квалитетна и среќна љубовна врска. Тоа се жени од кои мажите искрено се плашат можат да фантазираат за нив, но ретко кој се осмелува да им пријде. На овие жени им треба најмал повод за да прекинат врска во секунда ако почувствуваат дека партнерот си игра со нивните чувства.
Кај мажите со Лилит во Овен, присутни се самодоверба и вистински џентлменски манири. Тие се заштитнички настроени и многу ја почитуваат жената. Можат да имаат потешкотии со изразување емоции и со пронаоѓање партнерка што им одговара. Првиот брак често им е нестабилен затоа што жената е доминантна, но вториот обично има многу поголеми шанси за успех. Многу ја ценат семејната приватност и не сакаат експонирање на социјални мрежи.
Познати личности со Лилит во Овен: Никол Кидман, Мадона, Памела Андерсон, Шерон Стоун, Мишел Фајфер, Скарлет Јохансон, Мерил Стрип, Анет Бенинг, Јелена Јанковиќ, Ричард Гир, Курт Кобејн, Брус Ли, Колин Фарел, Бенисио дел Торо, Педро Алмодовар.
Лилит во Бик
Овие луѓе имаат силна емотивност и изразена еротичност, што ги прави омилени без разлика дали се мажи или жени. Го освојуваат спротивниот пол со убави манири и привлечен, топол глас. Имаат силна потреба за стабилност, брак и големо семејство. Често им е бурен периодот пред бракот, но брачниот живот им е хармоничен.
Жените ги изразуваат емоциите преку љубезност и внимание, а мажите преку галантност.
Познати личности со Лилит во Бик: Џулија Робертс, Карла Бруни, Орландо Блум, Селин Дион, Шакира, Даниел Крејг, Ешли Џад, Борис Бекер, Шон Бин, Кајл Меклахлен.
Лилит во Близнаци
Ова се луѓе со силна потреба интелектуално да доминираат во односот. Имаат одлична бизнис логика и многу силен карактер. Понекогаш во животот минуваат низ криза поради озборувања од блиската околина. На работа, нивното најсилно оружје е зборот. Во љубовта — спротивно: колку помалку зборуваат, толку повеќе стануваат мистериозни и привлечни.
Познати личности со Лилит во Близнаци: Џенифер Анистон, Марлон Брандо, Харисон Форд, Пол Макартни, Лив Тајлер, Шон Јанг, Џенифер Греј, Ед Харис.
Лилит во Рак
Овие личности најмногу ја ценат личната удобност и чувството на сигурност. Тежнеат кон стабилен брак и големо семејство. Повеќе од љубовта им значи довербата што мора да ја имаат со партнерот. Жените се таинствени, а мажите бараат партнерки што ги потсетуваат на мајка им. Иако изгледаат храбро, во љубовта се многу пасивни.
Познати личности со Лилит во Рак: Џенифер Лопез, Кетрин Зета-Џонс, Едвард Нортон, Одри Тоту, Антонио Бандерас, Жан-Клод Ван Дам, Шон Пен, Ештон Качер, Метју Меконахи, Џулиан Мур, Боб Гелдоф.
Лилит во Лав
Овие луѓе се благородни и постојано бараат внимание. Драматични се, амбициозни и имаат силно изразено его. Без разлика што прават, секогаш привлекуваат погледи. Жените не се откриваат целосно и мажите никогаш не знаат „каде се“ со нив. Мажите со оваа Лилит се вечно деца на кои вниманието од околината им значи повеќе од љубовта на партнерката.
Познати личности со Лилит во Лав: Барак Обама, Џорџ Клуни, Ума Турман, Елвис Присли, принцезата Дајана, Мерилин Монро, Кејти Холмс, Џон Кенеди, Мараја Кери, Мик Џагер, Катрин Денев, Владимир Путин, Клаудија Шифер, Ана Ивановиќ.
Лилит во Девица
Овие личности размислуваат интензивно и често дозволуваат умот да им ги блокира емоциите. Секогаш се во внатрешен судир помеѓу љубовта и кариерата. Може да се случи да ги запостават најблиските за да им помогнат на други. И во љубовта, и на работа се вистински естети. Привлекуваат луѓе со мистерија околу себе.
Жените со оваа Лилит се воздржани и често партнерот го запознаваат преку работа. Мажите избираат партнерки со кои се чувствуваат интелектуално над нив.
Познати личности: Шекспир, Фидел Кастро, Том Круз, Далај Лама, Пирс Броснан, Мег Рајан, Мет Дејмон, Рејчел Вајс, Хамфри Богарт, Итан Хоук, Софија Копола, Винсент Перез, Џина Гершон.
Лилит во Вага
Кај овие луѓе најголемиот предизвик се љубовните односи исполнети со страдање и љубомора. За многу жени, бракот служи за стекнување статус и внимание. Треба да научат подобро да ги разбираат мажите, бидејќи тие понекогаш се чувствуваат манипулирани.
Жените избираат угледни или многу атрактивни мажи. Во бракот се посветени и се трудат да извлечат максимум од односот. Мажите со оваа Лилит се таинствени и неверни, иако се трудат да остават поинаков впечаток.
Познати личности: Џоди Фостер, Кристина Агилера, Деми Мур, Опра Винфри, Ким Бејсингер, Урсула Андрес, Квентин Тарантино, Џон Малкович, Присила Присли, Гери Купер, Кларк Гејбл, Рене Русо, Денис Хопер.
Лилит во Шкорпија
Овие луѓе го имаат она „нешто“ – харизма што освојува без разлика како изгледаат. Многу се самоуверени, магнетски ја привлекуваат околината и често имаат финансиска среќа. Неверојатно се упорни и многу вложуваат во односите.
Тие избираат партнери, не обратно. И без разлика колку партнерот е успешен, секогаш мора да се прилагоди на нив. Тие „ведрат и облачат“ во односите, без разлика дали се мажи или жени.
Познати личности: Бред Пит, Џони Деп, Емануел Беар, Че Гевара, Камерон Дијаз, Џастин Тимберлејк, Натали Портман, Џесика Алба, Роджер Федерер, Џек Николсон, Бен Афлек, Брижит Нилсен.
Лилит во Стрелец
Овие луѓе тежнеат кон живот во странство или барем далеку од местото на раѓање. Имаат поинакви ставови од средината во која растеле. Полесно успеваат во друг град или држава. Често партнерот го запознаваат на патување.
Се трудат да ја сокријат чувствителноста за да не бидат повредени. Обично имаат необична судбина, финансиска среќа и љубов кон луксуз.
Познати личности: Моника Белучи, Кијану Ривс, Брус Вилис, Бритни Спирс, Жилиет Бинош, Ванеса Паради, Бил Гејтс, Расел Кроу, Роберт Редфорд, Изабел Аџани, Џад Лоу, Дејвид Боуви, Фреди Меркјури, Силвестер Сталоне, Мет Дилон, Клајв Овен, Хајди Клум, Доналд Трамп.
Лилит во Јарец
Ова е позиција каде Лилит има најсилно влијание. Овие луѓе делуваат како да си се доволни сами на себе и имаат силна потреба да држат сѐ под контрола вклучително и емоциите. Не сакаат изненадувања и сакаат доминација во односите.
Не можат да останат незабележани. Најважната лекција им е да научат да се опуштат.
Жените обично им се допаѓаат на мажи со висок статус. Кај мажите колку и да се трудат, партнерката е таа што одлучува и го води односот.
Познати личности: Роби Вилијамс, Арнолд Шварценегер, Мел Гибсон, Камила Паркер Боулс, Грејс Кели, Пенелопе Круз, Елизабет Харли, Жаклин Кенеди Онасис, Сара Џесика Паркер, Марија Кири, Брук Шилдс, Ева Мендез, Паоло Коелјо, Енди Гарсија.
Лилит во Водолија
Овие луѓе се оригинални, храбри и сакаат да ја шокираат околината. Имаат бурен љубовен живот. Ако не добиваат доволно внимание од партнерот, целосно се посветуваат на работа и кариера. Жените често се врзуваат со постари мажи. Мажите со Лилит во Водолија важат за непредвидливи и не е сигурно дали некогаш ќе посакаат да се венчаат.
Познати личности: Леонардо ди Каприо, Клинт Иствуд, Синди Крафорд, Бетовен, Осама бин Ладен, Шанија Твејн, Анастасија, Џ. К. Роулинг, Даниел Деј-Луис, Мики Рурк, Оливие Мартинез, Чарли Шин, Лукреција Борџија, Мартина Навратилова, Исидора Данкан, Френсис Форд Копола, Дмитри Медведев.
Лилит во Риби
Овие луѓе се нежни и често неразбрани. За да се одбранат од тешките ситуации, понекогаш избираат погрешен пат прекумерна работа, повлекување, алкохол или други пороци. Многу се интуитивни.
Жените со оваа Лилит знаат да бидат неправедно оставени, а мажите често заминуваат од врска без објаснување. Непоимливи односи, тајни непријатели и недоразбирања ги следат низ животот.
Познати личности: Анџелина Џоли, Софи Марсо, Ал Пачино, Винсент Касел, Жерар Депардје, Џејмс Дин, Ева Лонгорија, Дејвид Бекам, Тина Тарнер, Дру Баримор, Викторија Бекам, Енрике Иглесијас, Саманта Фокс, Вивиен Ли, Ивана Трамп, Михаил Горбачов.
AstroLilit – неисправлив оптимист, со желба да ви ја доближи астрологијата така што ќе разберете дека вие сте главните, а ѕвездите се тука само да ви помогнат — а не да се плашите од нив.
Извор: easylife.rs