Имаш лого, ама немаш бренд: Зошто брендот не се гради со боја и фонт туку со системска стратегија

Најлесно е да направиш ребрендирање - ново лого, нови бои, смени фонт и еве „изгледаме поиновативно". Ама зошто луѓето се уште не разбираат што работите, за кого е производот и зошто е подобар од другите?

brend-mk-3892

Извор: Сора

Ова не е проблем на дизајн. Ова е проблем на отсуство на бренд стратегија.

Бренд не е изглед туку искуство

Во разговор често ќе слушнеме „Треба да се брендираме малку повеќе”. И мислиш работи тимот на приказна, тон, бренд ветување, контент стратегија, а се разочаруваш кога сфаќаш дека обично тоа значи да се стави лого на повеќе места, да се направи нова Instagram палета или да се отпечати нова етикета.

Ама брендот не се гради така.

Брендот е чувството што луѓето го имаат кога ќе помислат на твојата компанија.

Се гради преку:

  • Како зборуваш (tone of voice)
  • Како се однесуваш (корисничко искуство)
  • Какви приказни раскажуваш (content)
  • Какви вредности практикуваш (преку производ, услуга, вработени)
  • Што им ветуваш на купувачите/клиентите (и дали го исполнуваш)

Има брендови што изгледаат минимално, а се незаборавни. Има и такви со цел style guide од 98 страници што никој не го чита, ниту чувствува.

Кој си ти кога не те гледаат?

Системската стратегија започнува со ова прашање: Како зборуваат луѓето за твојот бренд кога тебе те нема во собата?

Не е прашање на реклами или слоган, туку на перцепција. Таа перцепција се гради кога постои:

  • Јасна позиционираност (кој си, за кого си и зошто си важен?)
  • Конзистентна комуникација (да не зборуваш едно на вебсајт, друго во кампањи на социјални мрежи, трето на настани)
  • Фокусирана понуда (да не биде има „за секого по нешто”, туку јасна вредност за твојот клиент)
  • Трајна приказна (луѓето треба да ја препознаваат во секој допир со брендот)
  • Систем наспроти спорадични напори

Постои разлика помеѓу:

  • Да имаш brand look (дизајн)
  • Да имаш brand engine (систем што генерира значење и доверба)

Во brand engine влегуваат:

  • Стратегија (зошто постоиш)
  • Бизнис цели (што сакаш да постигнеш)
  • Контент архитектура (како комуницираш)
  • Канали (каде се наоѓа твојата публика)
  • Искуство (што чувствуваат додека се во интеракција со тебе)

И се тоа е поврзано. Ако направиш ребрендирање, а сајтот ти е како лавиринт, кампањите се нејасни, а вработените не знаат да објаснат што работите, брендот ти е на апарати.

Не е никогаш доцна да почнеш со бренд стратегија

Најчестата заблуда е дека бренд стратегијата е за „големи фирми со голем буџет”. А всушност баш малите и средните бизниси имаат најголема корист од неа затоа што немаат простор за трошење енергија на нешто што не носи резултати.

Не ти треба fancy brand book. Ти требаат јасни одговори на прашањата:

  • Кој е мојот купувач?
  • Која е неговата желба, страв, пречка?
  • Како мојот производ му го прави животот подобар?

И секој пост, email, категорија на веб страницата, повик во call центар треба да ја раскажува истата приказна.

Ако брендот ти е само боја и фонт – секој може да те копира.

Ако брендот ти е приказна, став, искуство и ветување што го исполнуваш – тогаш си незаменлив.

Новинар, уредник, продуцент, комуникациски стратег, претприемач, предавач, зависник од ТикТок...многу именки ја дефинираат Велковска, а еден хаштаг ги обединува сите #ILoveMyJob

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.