Иако однадвор делуваме функционално, внатре се чувствуваме како да сме „на работ“. Тоа не е слабост, туку сигнал. Добрата вест? Постојат едноставни, но навистина ефикасни начини да му кажеме на телото: „Сега си безбедна.“ Подолу ги откриваме триковите за смирување на нервниот систем што можат да ти помогнат.
Трикови за смирување на нервниот систем: едноставно, а ефикасно
1. Физиолошки воздив: дишење што ресетира
Две брзи вдишувања, па едно долго издишување. Оваа техника, позната како циклично дишење, го активира парасимпатичкиот систем и го враќа телото во баланс. Можеш да ја практикуваш каде било во автомобил, на работа, во кревет.
2. Ладна вода: TIPP метод од DBT терапијата
Потопи го лицето во ладна вода 5–10 секунди. Телото реагира како да нуркаш го успорува пулсот и го враќа фокусот. Можеш да користиш и замрзнат лимон, ладен облoг или туш ефектот е сличен: ресет.
3. Кисело или луто: шок за сетилата
Интензивниот вкус го пренасочува вниманието од анксиозните мисли кон сензацијата. Кисели или лути детски бомбони, лимон сè што е силно, брзо го „прелажува“ мозокот и помага нервниот систем да се смири.
4. Креативност како терапија
Боeње по броеви, правење колаж, плетење, пишување со рака. Рачните активности го активираат центарот за награда во мозокот, го враќаат чувството на контрола и поврзаност со себе. Не мора да биде совршено – само твое.
5. Движење: не мора да трчаш маратон
Прошетка, танцување низ станот, средување плакар, готвење – сè што го вклучува телото и ритамот помага мозокот да се „префрли“ од мисли кон акција. Движењето е порака до телото: „Не си заглавена.“
6. Кујната како зона на мир
Готвењето ги користи сите пет сетила. Мирис, допир, звук, вкус, визуелен фокус сето тоа приземјува, враќа чувство на сигурност и создава ритам што смирува.
7. Трик со замрзнат лимон
Стави лимон во замрзнувач и користи го кога ќе почувствуваш напнатост. Студот, текстурата и мирисот ја стимулираат физиолошката реакција што го смирува телото.
8. Тежина како утеха
Тешко перниче, ќебе, притисок со рака на градите сè што дава чувство на физичка стабилност може да помогне телото да ги „почувствува“ границите. Weighted blanket не е само тренд, туку алатка за регулација.
9. Визуелна сигурност
Погледни нешто познато и смирувачко: фотографија, природа, омилен предмет. Визуелниот фокус на „безбедно“ му праќа порака на телото дека не мора да биде во приправност. Дури и гледање во пламен од свеќа може да помогне.
Телото знае само треба да го потсетиме
Смирувањето на нервниот систем не е луксуз, туку основна грижа за себе. Не мора да направиш сè, ниту да биде совршено. Доволно е да избереш една работа што денес ти прија. Мирот почнува со мали чекори – а твоето тело веќе знае како да стигне таму.
Извор: easylife.rs