Под водство на д-р Васил Папестиев, медицинскиот тим ја изврши оваа процедура користејќи детален 3D-печатен модел на срцето на пациентот, кој одигра клучна улога во успешноста на операцијата.
Овој 3D модел, изработен од компанијата 3DLoom, обезбеди прецизна и анатомски точна реплика на срцето на пациентот, овозможувајќи му на хируршкиот тим точно да ја идентификува локацијата на септалниот дефект пред операцијата. Ова овозможи детално предоперативно планирање и резултираше со намалување на времетраењето на операцијата, како и со намалување на ризикот од можни интероперативни компликации.
„Оваа технологија беше важна за нас,“ изјави д-р Папестиев. „Деталниот модел ни овозможи да ги визуелизираме комплексностите на срцевиот дефект на пациентот однапред, што го олесни целиот процес и ја зголеми прецизноста на операцијата. Ова директно придонесе за полесна и побезбедна операција за нашиот пациент.“
„Возбудени сме што учествувавме во оваа операција,“ изјави д-р. Стефан Арсенков, ко-основач на 3DLoom. „Нашата мисија е да им обезбедиме на хирурзите напредни алатки за подобрување на хируршките резултати, а ова постигнување го нагласува потенцијалот на 3D-печатените модели на органи во унапредувањето на предоперативната подготовка.“
Извор: 3D Loom
Со користење на 3D моделот во планирањето на операцијата, медицинскиот тим во клиниката успеа да го оптимизира пристапот и да го скрати времетраењето на процедурата, што е од клучно значење кај ризичните кардиохируршки операции.
Успешноста на оваа операција го истакнува значењето на интеграцијата на напредната медицинска технологија во клиничката пракса за подобрување на исходот за пациентите.