Компанијата во сопственост на Илон Маск пред некое време сподели видео на кое се прикажува првиот човек кој го прими чипот како игра шах на интернет. Нолан Арбо, кој беше парализиран од рамената надолу, веќе може да го користи чипот за интерфејс со компјутер и да прави работи за кои претходно не беше способен, вклучително и играње видеоигри.
А, сега започнуваме да сведочиме на сѐ она што може да го прави.
Арбо објави кон крајот на минатата недела порака на X само преку мисла, а објавата предизвика одговор од самиот Маск.
Извор: X
Ова сугерира дека Арбо навистина ја објавил пораката на Х користејќи го само неговиот мозок.
Ова е уште еден голем ПР хит за Neuralink. Да можете да го отворите X и да објавувате на него само со мислите можеби не е врвно достигнување, но сепак е многу импресивно да се слушне дека е возможно.
Сосема очекувано, Маск има големи планови за Neuralink. Изминатиов период тој зборуваше за истражување на можноста „да се префрлаат сигналите од моторниот кортекс на мозокот до оштетениот дел од ‘рбетот за да им се овозможи на луѓето повторно да одат и да ги користат своите раце нормално“.
Повторно користење на парализирани екстремитети е една од евентуалните цели на Маск и иако звучи како научно-фантастичен концепт, се чини дека е сѐ поблиску до реалноста.
Извор: UniladTech