Шпионски софтвери нападнале корисници на iPhone во 92 земји

Компанијата Apple испратила известувања до корисниците на iPhone во 92 земји, предупредувајќи ги дека можеби биле мета на напади од шпионски софтвери.

iphone-sajbernapad-1207-fi

Извор: DALL-E3

„Apple откри дека сте мета на напади со шпионски софтвер од платеници кои се обидуваат на далечина да го компромитираат  вашиот iPhone  поврзан со вашиот Apple ID-xxx-,” напишано е во предупредувањето за заканата испратено до погодените корисници.

Apple: Невозможно е да се постигне апсолутна сајбер безбедност

 „Овој напад веројатно ве таргетира конкретно поради тоа што сте или тоа што го правите. Иако никогаш не е возможно да се постигне апсолутна безбедност при откривање на ваквите напади, Applе предупредува дека заканата е многу веројатна — ве молиме сфатете го ова сериозно,” додале од Apple во текстот.

Производителот на iPhone испраќа вакви видови известувања неколку пати годишно и ги информираше за вакви закани корисниците во повеќе од 150 земји од 2021 година, според ажурираната страница за поддршка на Apple.

Од Apple, исто така, испратиле исто такво предупредување на многу новинари и политичари во Индија во октомври минатата година, како што се наведува на порталот TechCrunch.

Предупредувањата за шпионски софтвер се јавуваат во момент кога многу нации се подготвуваат за избори. Во последните месеци, многу технолошки компании предупредиле на зголемени државни напори да влијаат на одредени изборни резултати. Сепак, предупредувањата на Apple не коментирале за тајмингот на заканата.

„Не можеме да обезбедиме повеќе информации за тоа што нè натера да ви го испратиме ова известување, бидејќи тоа би можело да им помогне на напаѓачите со шпионски софтвер да го прилагодат своето однесување за да избегнат откривање во иднина,” рекле од Apple.

Apple претходно ги опишале напаѓачите како „државно спонзорирани“, но ги замениле сите такви референци со „напади со шпионски софтвер од платеници.“ Во предупредувањето до корисниците се додава: „Нападите со шпионски софтвер од платеници, како што се тие кои ги користи Pegasus од NSO Групата, се исклучително ретки и многу пософистицирани од обичната криминална активност на интернет или потрошувачкиот малвер.“

Од Apple рекле дека се потпираат исклучиво на „внатрешни информации за закани и истраги за откривање на вакви напади.“ „Иако нашите истраги никогаш не можат да постигнат апсолутна безбедност, известувањата на Apple за закани се високо веродостојни сигнали дека корисникот е индивидуално цел на напад со шпионски софтвер.“

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.