Приходите на Meta Corporation
Резултатите за првиот квартал ги надминаа очекувањата на компанијата LSEG, која очекуваше приход од 36,16 милијарди долари. Растот на приходите на Мета се забрза, а трошоците за продажба и маркетинг паднаа за 16 отсто во споредба со истиот период минатата година, пишува порталот CNBC.
Но, извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, изјави дека развојот на вештачката интелигенција и метаверс се области каде Мета засега само губи пари. Мета моментално генерира 98 отсто од приходите од дигитално рекламирање. Инвеститорите не беа задоволни од овие најави, па акциите на Мета паднаа за цели 19 отсто.
Мета истовремено објави дека во вториот квартал од 2024 година очекува поскромно зголемување на приходите во однос на претходниот период. Компанијата очекува нејзините приходи во вториот квартал на 2024 година да се движат помеѓу 36,5 и 39 милијарди долари. „Нашата прогноза претпоставува дека девизите ќе имаат негативно влијание од 1% врз годишниот раст на вкупните приходи, врз основа на тековните курсни разлики“, се вели во извештајот на Мета.
Средината на опсегот, или 37,75 милијарди долари, би претставувала раст од 18 отсто на годишно ниво и е под просечната проценка на аналитичарите од 38,3 милијарди долари. Компанијата исто така соопшти дека има 69.329 вработени, што е за 10 отсто помалку од првиот квартал од 2023 година.