Презентирани околу 20 идеи на млади професионалци на првиот ден од Startup Weekend Ohrid

Овој викенд од 26ти до 28ми април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настанот започна во петок попладне и ќе трае до недела вечер.

startup-weekend-ohrid-1314-fi

Извор: Startup Weekend Ohrid

Стартап Македонија е организатор, додека пак универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле” е домаќин на овој настан, кој што е најголем настан од ваков тип во државата.

По отвoрањето на настанот во петок попладне, првата активност која што ја имаа учесниците беше пичирањето на идеите. Околу 20 идеи беше бројката на презентирани идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот.

Откако сите си ги презентираа (pitching) своите идеи, секој учесник располагаше со по три гласа, со кои што можеше да гласа за една или повеќе идеи.

По гласањето, половина од идеите продолжија понатаму, додека останатите прекинаа. Учесниците, чии што идеи отпаднаа се приклучија на учесниците чии што идеи продолжија понатаму и со тоа воедно се формираа тимовите.

startup-weekend-ohrid-1314-ps1

Извор: Startup Weekend Ohrid

Откако тимовите беа формирани, се одржа работилница за Бизнис модел канвас, на која што се разговараше за важнста и суштината на овој модел.

Тимовите започнаа со работа на своите идеи во текот на ноќта, сѐ до финалното гласање, кое што е закажано во недела попладне. Нивната задача е да ги преточат своите идеи во бизнис решенија, односно прототипи.

Во текот на вториот ден, тимовите ќе имаат и ментороска поддршка, која што е доста разнолика, бидејќи менторите доаѓаат од различни области.

Во текот на вториот ден, тимовите ќе добијат разноврсна менторска поддршка, бидејќи менторите доаѓаат од различни области и ќе ја понудат својата експертиза, сѐ со цел да им помогнат на тимовите да дојдат до подобри прототипи.

Покрај менторската поддршка, за вториот ден е предвидено и оддржување на работилница за валидација на идеја и работилница за pitch.

Што мислат учесниците за Стартап Викендот?

image-1

Нашата идеја е Omnilyst, воглавно тоа ќе биде платформа специјализирана за контент креатори и инфлуенсери. Искуството на целиов стартап викенд е доста едукативно, поради тоа што има многу голем број на информации постојат на интернетот, што можеме на ги најдеме и што може само да не збунат во процесот на самата креација на бизнис. Фасилитаторот беше тука за да не насочи и да ни помогне полесно да креираме еден квалитетен стартап бизнис.

Милента Петковска, учесник на Стартап Викенд и дел од тимот на Ommn

startup-weekend-ohrid-1314-ps2

Извор: Startup Weekend Ohrid

image-1

Јас сум контент креатор на Стартап Викенд и мојот дел е да го креирам целиот контент кој што излегува на социјалните платформи и да го промовирам настанот најдобро што можам.

Дарко Соколески, волонтер на Стартап Викенд Охрид

Како си поминуваш?

Супер си поминувам, работно и искуствено.

Која лекција ја научи на овој Стратап Викендот?

Ја научив лекцијата дека треба да работиме понапорно и подинамично.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.