Samsung Electronics ја објави глобалната достапност на Galaxy Z Fold6, Galaxy Z Flip6, Galaxy Watch Ultra, Galaxy Watch7 и серијата Galaxy Buds3.
„Забележавме значителна возбуда кај потрошувачите по претставувањето на нашите најнови Galaxy уреди во Париз на почетокот на овој месец“, рече ТМ Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Со интегрирање на моќта на Galaxy AI во нашите разновидни уреди на преклоп, како и со проширување на нашето портфолио на екосистемот, ние ја продолжуваме нашата посветеност да го донесеме потенцијалот на вештачката интелигенција во рацете на милиони ширум светот“.
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6: Нови и разновидни AI искуства
Новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 ја отворија следната граница на Galaxy AI, користејќи ги своите уникатни форм-фактори кои ја унапредуваат комуникацијата, продуктивноста и креативноста како никогаш досега. Кога станува збор за комуникација, вие лесно ќе разберете некого на друг јазик, или слушајќи или разговарајќи со функцијата Преведувач, искористувајќи го максимумот од уникатниот форм-фактор на двоен екран. Одговарајте додека сте во движење со функцијата Предложени одговори, која препорачува приспособени одговори на пораките без да треба да го отворите уредот. Останете продуктивни со функцијата Композитор, која генерира е-пошта и социјални објави засновани на само неколку едноставни клучни зборови, и со функцијата Помош за белешки, која нуди нова функција PDF вграден превод, како и транскрипција на аудио датотеки. Креативноста се зајакнува со функцијата Асистент за фотографирање, пакет алатки за уредување засилени со вештачка интелигенција за креирање професионална содржина без напор. Плус, FlexCam, сега поддржана со Auto Zoom, автоматски го врамува совршеното селфи без користење на рацете.
Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6 се најтенките, најлесните, како и најиздржливите телефони од серијата Z досега. Екранот е надграден благодарение на подобрените слоеви на главниот екран, кои не само што нудат издржливост, туку и видливо го подобруваат преклопувањето. Galaxy Z Fold6 нуди нов сооднос на надворешниот екран, кој, исто така, поприродно легнува на раката, додека Galaxy Z Flip6 обезбедува врвно искуство со камерата, подолг век на батеријата и за прв пат, парна комора за максимизирање на перформансите во движење.
Извор: Samsung
Подобрен Galaxy екосистем овозможен од Galaxy AI
Најновите додатоци на линијата Galaxy Watch заземаат централно место во визијата на Samsung за подобрување на дигиталното здравје и секојдневната благосостојба преку Galaxy AI. Galaxy Watch Ultra и Galaxy Watch7 овозможуваат подобрено следење на локацијата благодарение на двофреквентниот GPS систем, кој ја следи локацијата на корисникот за вежбање во која било надворешна средина, од прометни градови до правливи патеки, попрецизно од кога било.
Серијата Galaxy Buds3 нуди елегантен нов дизајн на рабовите за модерен, но практичен стил, а со Canal Type за Galaxy Buds3 Pro Open Type за Galaxy Buds3 добиваме пар слушалки кои одговараат на секого без оглед на индивидуалната желба. Звукот со ултра висок квалитет испорачува извонредни детали во секој звук, а со функцијата за повици Супер широк опсег, телефонските повици може да се слушаат со беспрекорен квалитет дури и во бучни средини.
Достапност
Galaxy Z Fold6 е достапен во следните бои: сребрена сенка, розова и темносина. Galaxy Z Flip6 е достапен во следните бои: сребрена сенка, жолта, сина и ментол зелена.
Galaxy Watch Ultra е достапен во големина од 47mm во титаниум сива, титаниум бела и титаниум сребрена боја. Galaxy Watch7 е достапен во две големини, 40mm и 44mm. Изберете зелена и кремаста боја за големината од 40mm и зелена и сребрена боја за големината од 44mm.
Серијата Galaxy Buds3 е достапна во две бои, сребрена и бела.
За повеќе информации посетете ја веб страницата на Samsung.