Токму оваа промена беше во фокусот на презентацијата „From Search Results to AI Answers: Winning the New Brand Battlefield“, на Наташа Божиновска Миркова, Managing Director на Represent Communications Skopje, ја одржа во рамки на AI Labs на првиот ден од AI Tech Summit „Filip Avramchev“ 2026.
Главното прашање што го отвори презентацијата е едноставно: дали AI го разбира вашиот бренд доволно добро за да го вклучи, цитира и препорача кога корисникот бара одговор?
Извор: Webmind Редакција
Првата слика за брендот сè почесто ја создава AI
Во класичниот дигитален модел, корисникот пребарува, кликнува на резултат и пристигнува на вебсајт, каде брендот има можност да го убеди.
Денес тој процес започнува многу порано.
Пред да посети било кој корпоративен канал, корисникот може веќе да добие резиме на цела категорија, споредба меѓу брендови, препорака за добавувач или производ, проценка на репутацијата и листа на извори кои AI ги смета за релевантни.
Тоа значи дека дел од одлуката може да биде формиран уште пред првиот клик.
Ова е една од најголемите промени во дигиталната комуникација: пребарувањето станува answer-first experience. Наместо само листа со линкови, AI системите се обидуваат да го разберат прашањето, да го поделат на подтеми, да пронајдат извори и да синтетизираат одговор.
Извор: Webmind Редакција
Брендовите повеќе не се борат само за позиција на Google
Со ова се менува и самиот предизвик за брендовите.
Прашањето повеќе не е само: „Дали корисникот ќе нè најде?“, туку и:
Дали AI правилно разбира кои сме? Дали нè поврзува со темите во кои сакаме да бидеме релевантни? Дали правилно нè споредува со конкурентите? И дали користи извори што ја потврдуваат нашата позиција и репутација?
Ова веќе не е исклучиво SEO прашање. Станува збор и за репутација, комуникации, продажба, employer branding и конкурентност. Ако AI користи нецелосни, застарени или погрешни извори, брендот губи контрола врз првиот слој на перцепција.
Во презентацијата овој простор беше дефиниран како AI dark funnel, делот од customer journey кој не го гледаме директно во analytics, но каде одлуката веќе може да започне да се формира.
AI може да ја објасни категоријата, да ги издвои конкурентите, да ја сумира репутацијата и да препорача опции, без корисникот воопшто да ја посети веб-страницата на брендот.
Извор: Webmind Редакција
Што треба AI да „види“ за да му верува на брендот?
AI системите не градат слика за брендот врз основа на една страница или еден текст. Тие комбинираат повеќе сигнали.
За брендот да биде полесно разбран и правилно претставен, потребни се јасен идентитет, структурирана содржина, тематски авторитет, потврда од трети страни и конзистентен наратив низ сопствени, медиумски и други релевантни извори.
Токму затоа добрата „About us“ страница повеќе не е доволна.
Потребни се содржини што одговараат на конкретни и комплексни прашања, јасни тематски целини, FAQ структури, експертиза, техничка достапност и независни извори што ја потврдуваат кредибилноста на компанијата.
SEO останува основа, но повеќе не е доволен
Една од важните пораки на презентацијата беше дека новата AI видливост не значи дека класичниот SEO престанува да биде важен.
Напротив, технички достапна и индексабилна содржина, квалитетни информации и добра структура и понатаму се основата. Но AI додава уште еден слој.
Покрај рангирањето, сега станува важно дали брендот влегува во самиот одговор, дали е цитиран како релевантен извор и дали е претставен точно и во вистински контекст.
Затоа сè поголема улога добива и AI Share of Voice. Компаниите веќе не треба да следат само каде рангираат на Google, туку и дали се појавуваат во AI одговори, како се опишани, дали се цитирани и кои конкуренти се појавуваат наместо нив. Тоа создава нова аналитичка димензија што ги поврзува дигиталната видливост, репутацијата и комуникациската стратегија.
Новата видливост се гради пред првиот клик
За брендовите што рано ќе почнат системски да работат на AI видливоста, предноста не е само во тоа полесно да бидат пронајдени.
Целта е да бидат разбрани, препознаени како релевантни, цитирани, правилно споредени и препорачани во моментот кога корисникот сè уште ја формира својата одлука.
Тоа бара координација меѓу содржината, SEO, PR, репутацијата и аналитиката, затоа што AI системите ја градат сликата за брендот од сите овие сигнали истовремено.
Represent Communications Skopje ја нуди AI Engine Optimization – AIEO услугата
Токму во оваа област, Represent Communications Skopje ја развива и нуди AI Engine Optimization – AIEO услугата, која ги поврзува SEO, Answer Engine Optimization (AEO), Generative Engine Optimization (GEO) и Digital PR во еден интегриран пристап.
Процесот започнува со анализа на тоа како AI системите моментално го разбираат и претставуваат брендот, во кои одговори се појавува, кои извори ги користат и каде постојат празнини во содржината, авторитетот или дигиталното присуство.
Следниот чекор е оптимизација на содржината, структурата, релевантните извори, авторитетот и наративот, а потоа и мерење дали брендот почесто и попрецизно се појавува во AI одговорите.
Целта е компанијата да биде не само пронајдена, туку и правилно разбрана, точно претставена, цитирана и присутна во релевантните AI одговори во моментите кога корисниците ги носат своите одлуки.
Како што беше нагласено и во презентацијата, AI visibility не е тема на иднината. Таа веќе влијае врз тоа како корисниците пребаруваат, споредуваат, избираат и им веруваат на брендовите.